Законот за плаќање придонеси на хонорарците сепак нема да претрпи пролонгирање
Во јавноста пред извесен период имаше шпекулации дека Законот за задолжително социјално осигурување за авторските и договорите на дело ќе се пролонгира, Владата не отстапува од примената. Надлежните тврдат дека законот е по европски терк, а бенефит ќе имаат и работниците и работодавците.
Вицепремиерот и министер за финасии Зоран Ставрески денеска повторно нагласи дека ќе нема одложување на обврската за плаќање придонеси на хонорарите која ќе стапи на сила од 1-ви јануари следната година.
„Не, ќе нема одложување. Министерот за труд и социјална политика веќе ги појасни придобивките од оваа мерка и истата ќе стартува од 1 јануари“, изјавил Страврески одговарајќи на новинарско прашање. Законот предвидува вработените кои освен плата имаат дополнителен приход поголем од минималната плата, но и невработените кои имаат исто така имаат приход поголем од минимална плата за тоа тоа ќе плаќаат придонеси за пензиско и здравствено осигурување. Односно за овие хонорари наместо само 10% персонален данок, од следната година дополнително ќе се плаќаат и 17,6% за пензиско и уште 7,3% за здравствено осигурување. На овој линк прочитајте: СЕ ЗА ПРИДОНЕСИТЕ: Кој мора да плаќа, кој е ослободен од давачки, како ќе се прават пресметките?ЗАКОН ЗА ПРИДОНЕСИ: И корења да јадеме, данок сите ќе плаќаат!
Слично
