Законот за отпис на казнени камати не обврзува, доверителите доброволно ќе ги отпишуваат каматите
Законот кој здружено го носат власта и опозицијата за отпис на каматите на старите долгови за комунални сметки и други долгови не ги обврзува претпријатијата во приватна сопственост како доверители да ги вратат парите од наплатените камати, ниту пак нотарите и адвокатите. Тоа ќе го прават само на доброволна основа.
„Доверителите од член 2 став 1 точка 1 од овој закон, кои се во приватна
сопственост, доброволно одлучуваат преку своите органи на управување, за
едностран отпис на побарувањата по основ на наплатата на затезната односно
казнената камата на главниот долг од должниците физички лица кои стекнале право
на отпис на камата согласно член 3 од овој закон.
Доверителите надлежни нотари и адвокати, доброволно одлучуваат на ниво на
нивните комори, за отпис на побарувањата по основ на наплата на казнената камата
за нивните трошоци на постапката од должниците физички лица кои стекнале право на
опис на камата во согласност со член 3 на овој закон', пишува во членот 4 во предлог-законот кој треба да се изгласа здруќено.
Собранието го објави предлог-законот за отпишување на камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, а за кој позитивни оценки дадоа и власта и опозицијата, што значи дека е извесно негово усвојување.
Во членот 3 уредено е дека право на отпис на камата остварува секое физичко лице - должник кој ќе изврши уплата на главниот долг и трошоците (судски, нотарски, трошоци на извршување - извршителски) на постапка во рок од најмногу 12 месеци во зависност од надлежноста на органот за постапување по предметот во моментот на отпочнување на примена на овој закон.
Со членот 5 уредено е: „Стекнатото право на отпис на камата од членот 3 на овој Закон, должникот физичко лице го остварува со поднесување на барање до доверителот. Кон барањето должникот приложува и доказ за извршена исплата на главниот долг. Доверителот е должен во рок од 15 дена по приемот на доставениот доказ за извршена уплата на главниот долг, да го извести должникот по писмен пат со препорачана пратка на адресата која е регистрирана кај доверителот, за усвојување (целосно или делумно) или за одбивање на отписот на каматата. Доколку доверителот изврши отпис на каматата, должен е веднаш, но не подоцна од 8 дена по донесената одлука, за истото да го извести нотарот или извршителот кај кого бил трансферирано решението за извршување издадено од судот, дека е исплатен главниот долг и извршен е отпис на каматата, заради што бара запирање на постапката пред нотарот или извршителот. Нотарот при повлекување на барањето за трансфер на предметот, постапува согласно член 74 од Законот за нотаријат. Извршителот при повлекување на барањето за трансфер на предметот од судот го запира извршувањето согласно член 93 став 1 алинеа 4 од Законот за извршување. Формата и содржината на барањето од ставот 1 на овој член ги пропишува министерот за финансии, во рок од 30 дена од денот на влегување во сила на овој законот. “
Во членот 7 се уредува дека министерот за правда во рок од 30 дена од денот на
влегувањето во сила на овој закон, по претходно прибавено мислење од Комората на
извршители согласно критериумите утврдени во законот за извршување да ја донесе
Тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителите и
нотаратите по предмети кои произлегуват услуги од вршители на комунални дејности
(електрична и топлинска енергија, вода и смет), телефонија, мобилни и кабловски
оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на
земјоделско земјиште, и за кои постојат решенија за извршување издадени од суд заклучно
со 1. јули 2011 година, трансферирани кај нотар или извршител
