Законот за необјавување на „бомбите“ ќе биде доработен
Законот за мораториум на бомбите и нивно необјавување најверојатно ќе биде доработен.
Како што соопшти Телма , пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ , Антонио Милошоски, соопштил дека е постигнат договор спорниот закон за мораториум на бомбите да се врати на доработка и истиот паралелно ќе се разгледува со изборниот модел.
Опозицискиот лидер на денешната дебата за новата програма која ја претставува СДСМ вели дека предлог законот е катастрофален, притоа нарекувајќи го цензура.
Според него, на преговорите се разговарало и за оваа материја да биде регулирана со закон, од причина што понатаму можно е некој да се обиде да ја злоупотреби приватноста на граѓаните. Но, тоа како што вели Заев, би требало да биде поврзано со законско решение за „свиркачите“, со кое се дава можност секој што има вакви материјали да ги предаде до надлежната институција.
Интелектуалци, јавни личности, новинари ... за Фактор денес го оценуваат предлог Законот на пратениците од владечката гарнитура Џафери и Мукоски како глупав потег за бетонирање на цензурата!
Новинарите Костова, Михајловски, Зекири и Смилевска во куси коментари за Фактор сметаат дека намерата да се донесе закон за необјавување на бомбите е голема глупост, од која најмногу ќе трпи, на крајот владеачката коалиција.
Горазд Чомовски
Неуставен предлог закон за забрана за објавување на т.н. на СДСМ или смислено сценарио на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ?
Горан Михајловски, главен и одговорен уредник на Вест
Член 16 од Уставот забранува цензура. Со овој закон власта сака да го суспендира Уставот. Суспензијата на Уставот е суспендирање на државата. По историја сме учеле кој се’ суспендирал устави.
Колкава е разорна моќ на „бомбата“ на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ да се забрани објавувањето на прислушуваните разговори со закон ?
Јадранка Костова, главен уредник на неделникот Фокус
Иако секогаш тврдев дека ништо од оваа групировка на власт не може да ме изненади, е оваа нивна предлог законска бомба ме далдиса. Ме затече. Да, јасно ми беше дрка „бомбите“ се единствената работа што ги шашардисува ( враќањето на опозицијата во Собранието нема врска), но вакво безобразие не сум го „скоцкала“ согласно нивниот психо-портрет. Да стокмиш цензура со закон, очекувам барем да интервенираат амандамски на Уставот- цензурата е забранета освен ако не ги тангира ДПМНЕ и ДУИ. И се ќе биде согласно уставот и законите. Но, ова говори во која паника се „талентиве“загижени за „човековите права“. Срамно и скандалозно!
Зошто ДУИ иницираше усвојување на ваков предлог закон, кога самиот лидер на партијата Али Ахмети бараше од СДСМ да објават се’ што е поврзано со наводна вмешаност на нивни функциоинери во криминални и против законски дејствија?
Мухамед Зекири главен уредник на Алсат-М
„Да предложиш закон со кој ќе се забрани објавувањето на т.н. бомби треба или да си „глуп“ или да си тепан со мокар чорап по глава. Ова покажува колку партиите на власт ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ изгубиле секакво чувство со реалност . Да ги платеше опозицијата немаше немаше да направат ваков кикс владините партнери. Зачудува уште повеќе фактот што партијата на Али Ахмети покажува дека е вазал на ВМРО ДПМНЕ со самиот факт што токму Интегративците го предложија овој бесмислен закон.
Ахмети беше тој кој јавно го повикуваше лидерот на СДСМ Зоран Заев да објават се што имаат за него и неговите соопартијци па дури и приватни разговори за сега да излезат и да бара со закон да се забрани објавувањето на т.н. бомби на СДСМ.
ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се во недоумица дали да ја изберат змијата или магарето. Нивното лицемерие очигледно нема крај!
Каква порака се испраќа до медиумите со евентуалното усвојување на законот за забрана за објавување на т.н. бомби и дали ова дополнително ќе влеев страв кај новинарската фела да внимаат што објавуваат ако се имаат во предвид траконските казни и можноста некој да заврши и зад решетки?
Милка Смилевска , дописник на Ал Џезеира од Скопје
Закон предвидува казна од најмалку четири години затвор на новинар што ке објави прислушувани или тонски снимени разговори или делови од нив или транскрипти на територијата на Република Македонија или во странство. Овој член ја бетонира цензурата во земјата, го всадува стравот кај секој новинар дека може да заврши во затвор и спречува јавноста да знае како владее власта.
Зошто сака актуелната коалиција да не се објавуваат снимки од прислушуваните разговори, ако владееле чесно и според закон?
Демократијата значи транспарентност и отчетност, нели во центарот на нивниот интерес е граѓанинот, нели повеке од девет години него го прашуваат за проекти, приоритети, па нели баш тој граѓанинот треба да знае како се трошат парите од данокот што го плаќаат!
А како ќе знае граѓанинот ако на новинарот му се заканува апс ако пренесе информација. Ако се донесе законот тоа е поништување на новинарството како професија, но на сите ни е јасно дека на оваа власт одамна не сака да и поставуваме прашања, оти таа сака само проектирана реалност да и сервира на јавноста.
Нарачани прашања, прилози, вести, лазни перцепции, се со цел да се одрзи рејтингот, да се остане на власт. Срамно е колку ја понижуваат Македонија како дрзава, систем и граѓаните на оваа земја аспирант за членка на ЕУ.
