Економија, финансии, бизнис

Контакт

Законот за мобинг има, но нема кој да го имплементира

Законот за мобинг има, но нема кој да го имплементира
Иако пред два месеци стапи во сила Законот за мобинг неговата имплементација оди бавно, оценуваат од Сојузот на синдикати на Македонија од каде што бараат поагресивен пристап за негова вистинска примена. Од синдикатот побараа мобингот да влезе во општиот колективен договор, а посочија и дека работодавачите добија рок од три месеци за да ги запознаат работниците со новните, но најголем дел од  нив сеуште молчат пред вработените. Со цел да се подигне свеста и олесни имплементацијата, здружението на правници на Македонија заедно со ССМ и организацијата на работодавачи, денеска организираа обука за лицата задолжени за примена на овој закон. Според податоците од синдикатот, најчести жртви на мобинг се текстилните работници, наставниците и полицајаците, а околу половина од работниците во последниве две години биле изложени на некаков вид психичко или сексуално вознемирување на работа. „Во рамки на преговорите со работодавачите за потпишување на општиот колективен договор ќе се обидеме да го вметнеме и прашањето за мобингот, со што ќе се обезбеди оваа категорија да влезе и во гранковите колективни договори и во договорите кои ќе бидат потпишани на ниво на работодавач“, изјави Живко Митревски, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија. Според податоците на синдикатот поради мобинг државата губи околу 1,7 милиони евра месечно главно за лекување на жртвите. Според законот за мобинг, високите казни од 5 до 6 илјади евра за сите работодавачи кои ќе ги вознемируваат своите вработени, или до 4 илјади евра за лицето кое го врши мобингот како дел од решенијата треба да помогнат во заштита на македонскиот работник.
Слично

Поврзани вести