Економија, финансии, бизнис

Контакт

Законот за медиуми ќе ги седне на иста маса Ванхауте и партиите со новинарите

Законот за медиуми ќе ги седне на иста маса Ванхауте и партиите со новинарите

Во фокусот на денешната средба во Клубот на пратеници каде на преговарачка маса ќе седнат олеснувачот Ванхауте, партиите и новинарите ќе биде Законот за медиуми.

Рокот за решавање на едно од најважните прашања и според извештајот на ЕК е 20 Ноември.

Работните групи се договориле да се направат реформи во Македонската телевизија, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, измени во Законот за медиуми, како и за промени во Македонската информативна агенција (МИА).

Дополнително ќе бидат вклучени и одредбите од Изборниот законик околу забраната за владино рекламирање.

Предвидено е наредната средба да се одржи в четврток, а преговарачкиот процес треба да заврши заклучно со 20 ноември кога се очекува да се донесат конкретни одлуки.

Според досегашните информации, Изборниот законик ќе се менува со тоа што ќе им се забрани на медиумите да донираат на партиите, а ќе се променат и правилата за донации од фирми или поединци.

Досега компаниите смееја да донираат до 50.000 евра, додека физичките лица до 5.000, а отсега овие суми ќе паднат на 30.000, односно на 3.000. Ќе се регулира и рекламирањето во медиумите.

Со новиот Изборен законик е предвидена и задолжителна дебата во МТВ во текот на изборната кампања.

Задолжително е и ослободување на Јавниот национален сервис, кој треба да биде комплетно непристрасен и независен од политички, комерцијални и други влијанија.

Истото е предвидено и за сите останати медиуми, кои треба да бидат ослободени од секаков политички притисок.

Деконструкција и ослободување на медиумите е една од најважните точки во договорот од Пржино, со која треба да се обезбедат фер и демократски избори.

Слично

Поврзани вести