Економија, финансии, бизнис

Контакт

Законот за хонорарци ќе реши многу горливи проблеми

Законот за хонорарци ќе реши многу горливи проблеми
Со стапување на сила на Законските измени кои предвидуваат плаќање придонеси за хонорарните работници ќе се елиминира голем број проблеми меѓу кои и сузбивање на нелојалната конкуренција, и ќе се стави ред на пазарот. Овие Законски измени кои на сила стапуваат од први јануари, ќе ја спречат злоупотребата на вработените со полно работно време кои се плаќаат со договор на дело, сметаат од Сојузот на стопанските комори. „Сите хонорарци кои имаат авторски или договор на дело со една компанија, придонесите ќе треба да им ги плаќа фирмата која ги ангажирала. Оние кои имаат повеќе договори со повеќе фирми , а збирниот износ е над минималната плата самите ќе ги плаќаат придонесите . На овој начин ќе се регулира пазарот и ќе се стави крај на досегашната нелојална конкуренција од страна на фирмите кои го рушат пазарот и ќе помогне подобро да се вреднува трудот“, смета Сеад Кочан, заменик претседател на ССМ. Комората сепак предлага прагот наместо минимална, да биде просечно исплатената плата во земјава, појаснува Кочан. На овој начин, според него, и хонораците ќе добијат социјална сигурност и пензија и еднаков третман со вработените на неодредено време
Слично

Поврзани вести