Економија, финансии, бизнис

Контакт

Зaконот за Енергетскиот сектор ќе претрпи измени

Зaконот за Енергетскиот сектор ќе претрпи измени

Усогласување со еврпските стандарди и законодавства се дел од измените кои веќе се скроени и ќе ги претрпи Законот за енергетика.

Не се познати деталите што точно ќе се менува, а информациите кои ги откри ресорниот министер Беќим Незири се дека е направена драфт верзија која  треба да биде усогласена со законите на Европската Унија.

Незири вели дека Законот ќе оди на јавно мислење и се додека не се хармонизраат сите делови, не сака да зборува за деталите од измените и ќе почека додека  да се хармонизраат со Европската енергетска заедница.

Според сегашните законски решенија, странското учество во домашните капацитети е ограничено на најмногу 51 отсто. Дали овој процент ќе се зголеми или ќе се намали, ќе биде прецизирано во новиот закон за енергетика, чиј нацрт треба во наредните три месеци да ги помине сите фази и да биде целосно усогласен со директивите на ЕУ и со Енергетската заедница.

Незири уште открива дека во подготовката на нацрт- верзијата биле проучени модели на постојните, најдобри европски практики, со цел да се овозможи поголема ефикасност при усогласувањето со законодавството од Договорот за енергетска заедница и законодавството на ЕУ за енергија.

Според Европската унија и Мартин Клаук, властите во земјава треба да работат, да ги преструктуираат законските регулативи, да работат со луѓето кои се задолжени за енергетскиот систем и пополека да се приближат со сите законски и подзаконски акти што ќе треба да се променат и усвојат за да се приближат до законодавство на ЕУ.

Слично

Поврзани вести