Економија, финансии, бизнис

Контакт

Законот за децениските стечаи се најде пред пратениците

Законот за децениските стечаи се најде пред пратениците
Законот за решавање на 300 стечајни постапки од минатото кои треба да се завршат за помалку од една година ако се донесе законот, денеска го помина првото читање во Собрание. Од Министерството за економија посочија дека законот ќе стави крај на минатото што го создаде опозициската партија. Заменик-минитерот за економија Христијан Делев не ја пропушти можноста да удри по опозицијата. „СДСМ е поим за темната, криминална приватизација во државата. Додека беше на власт безброј луѓе останаа на улица. Со новиот закон за затворање на стечајните постапки, работниците, кои ги чекаат своите пари 15 години, ќе бидат намирени“, рече Делев. Делев посочи дека ако имотот на фирмите кои се под стечај не се легализира, тој никогаш нема да се продаде, па затоа вели дека владата намерно сакаме да се легализира за поранешните вработени да добијат повеќе средства. Марјанчо Николов од СДСМ пак запраша за кои точно компании, со колкав имот располагаат и колку вработени се засегнати. „Законот не остава простор работниците да се надеваат дека ќе им се исплатат платите. Намерно се крие податокот кои се тие стечајни постапки, за кои компании се работи, колку вработени имало во нив и за колкав имот се води спор“, забележа Николов. Законот опфаќа стечајни постапка од 1989 до 2011 година. Според најавите целта е да стави крај на стечаите кои траат и по две децении. Се споменуваат компанитее како Типо, Маврово, делови од Железара, МЗТ, Центро, Порцеланка, но и случаите како  Фиком и Самарија.
Слично

Поврзани вести