Економија, финансии, бизнис

Контакт

Законот за амнестија на затвореници падна во Собрание

Законот за амнестија на затвореници падна во Собрание

Пратениците не го изгласаа предлог-законот со кој се предвидуваше целосно ослободување на 40 отсто проценти правосилно осудени лица за кривични дела.

За иницијатива за овој закон се потпишаа 10.069 избирачи, поради како што велат, нечовечките услови во македонските затвори.

Предлог-законот за амнестија предвидува укинување на казната затвор за оние кои имаат одлежано 40 отсто од затворската казна

Граѓанската активистка Мери Николова појасни дека амнестијата е иницирана поради потребата од заштита на човековите права во Казнено поправните домови во Македонија. Затворите, рече таа, се пренатрупани и нема основни услови за живот. Нагласи дека ефектот од новиот закон би бил 100.000 затворски денови помалку и смалување на трошоци од 120 милиони денари во Буџетот на Македонија.

Предлог-законот беше поддржан и од опозициската СДСМ, според која амнестијата е потребна поради условите во Казнено поправните домови, но истовремено велат дека нема да поддржат аменстија за лица како педофили и ладнокрвни убијци.

Според Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ политиката, односно пратениците не смеат да одмеруваат казни, како што рече, посебно не пред избори. Апелираше да се разговара за овие прашања, но, да не се даде подршка на овој закон за амнестија.

Слично

Поврзани вести