Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАКОН ЗА ЗЕЛЕНИЛО за спас на дрвата и парковите во градовите!

ЗАКОН ЗА ЗЕЛЕНИЛО за спас на дрвата и парковите во градовите!
Партијата ДОМ започна петиција за носење на Закон за зеленило. Од партијата ги повикуваат сите и  граѓани, независно од политичка, етничка и верска припадност, да ја потпишат петицијата за носење на Законот која што ќе биде доставена до Собарнието. -Во петицијата им се обраќаме за поддршка на Законот на сите сограѓани, независно од етничко, верско, политичко потекло, зашто на сите ни треба здрав и хуман живот во градовите. Само Закон за зеленило е спас за постоечкото, со обврска за подигање ново, 25м2 по жител на ниво на град, 10-30% зеленило на ниво на градежна парцела, со посебна заштита на автохтоните сорти и капиталните примероци. Законот го работевме според германски и австриски закони, со стручни лица од ДОМ, Градот Скопје, Паркови и зеленило и Агенцијата за просторно и урбано планирање. Ако не им се допаѓа, нека направат друг, или истиот ТИЕ нека го предложат, само НЕКА ГО ДОНЕСАТ!!, вели претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска. Од ДОМ посочуваат дека Владата досега два пати го одбивала нивниот предлог за Закон за зеленило, иако како што велат токму овој закон бил еден од условите за колаицирање. -Сега одиме со граѓански притисок, кој евентуално би ја предомислил владата. Инаку, тој закон беше договорен во програмски еколошки пакет, како еден од условите за коалицирање. Само го пролонгираа законот, бараа да се дополни со едно, со друго, 15 верзии направивме! Се чудевме зошто толкав отпор за еден толку благороден закон со кој ќе се заштити градското зеленило. Помислувавме дека им пречи тоа што ДОМ е иницијатор, иако ги молевме заедно да го предложиме, како коалиција. Мислевме  дека проблем е и ниската еколошка свест, ама всушност, ЗА БИЗНИС СЕ РАБОТЕЛО, како што слушнавме подоцна! И како што изгледа, на Водно, во Трнодол, Аеродром, Чаир, Карпош 4, наумиле сите скопски паркови да ги бетонираат! А наместо нашите дабови, липи, костени, јавори и тополи, ни садат по некоја палма!, вели Поповска. Пред две години од министерството за животна средина и просторно планирање уверуваа дека Нацрт верзијата е веќе подготвена. Целта на законот предвидува со зеленилото во Македонија да се управува на начин со кој трајно ќе се зачува и зголеми неговата вредност, но и да се промени односот на локалните власти кон зелените површини.Екологистите постојано алармираат дека зелените површини се намалени особено во Скопје како резултат на сечење на дрвјата за градежни парцели. Се сечеа дрвјата покрај кејот на реката Вардар, пре хотелот Бристол, на Плоштадот Македонија, во населбата Ародром, кај Клиничкиот Центар, на планината Водно. За дел исечените дрвја градските власти изјавуваа дека се сечат бидејќи се стари. Според податоците Скопје има 5.051.807 квадратни метри зелена површина односно  12,07 по жител, или  двојно помалку од европските стандарди за 25 квадратни метри. Без  вонградското зеленило, Скопје има само 7,66 квадратни метри зеленило по жител. Најзагрозено е централното градско подрачје во Скопје. Студијата “Ни снемува дрвја” објавена во 2013 година покажува дека во 2012 во центарот на Скопје или познатиот   „Мал ринг“ имало 34.994 квадратни метри зелени површини, што е 50 отсто помалку отколку во 2002 година кога имало 75.649 квадратни метри. Во Студијата авторите Ирина Грчева, Леонора Грчева и Лука Јовичиќ, посочија дека во периодот од 2002-2012 имало масовно сечење на дрворедни и парковски садници на источниот брег од реката Вардар, како и на плоштадот „Македонија“, пред Дом на АРМ и покрај објектот на главната пошта. Во истиот период биле засадени дрвја само во реонот меѓу улиците „Орце Николов“ и „Максим Горки“ и по должина на улица „Македонија“. Истражувањето покажа дека доколку продолжи оваа тенденција на девастација на дрвниот фонд, до 2017 година површината на крошните би се намалила за уште 8 отсто, или вкупно 30 отсто за 15 години, што пак директно придонесува за зголемување на загадувањето на воздухот, температурата и бучавата. Дополнително во Студијата се посочува дека со постојните урбанистички планови, кои, пред се', предвидуваат изградба на објекти врз зелени површини, постои опасност за намалување на зелените површини за 75 отсто до 2017-година. Ј.С
Слично

Поврзани вести