Закани и навреди за „одметнатата“ пратеничка на СДСМ Буралиева
Погрдни зборови со вулгарна содржина напишал некој пред домот на пратеничката Љубица Буралиева во скопската населба „Ѓорче Петров“. На нејзината влезна врата бил исцртан и симбол на долар.
Случајот е пријавен во полиција, а по сторителите се трага. Буралиева е една од трите опозициски пратенички кои одлучија да не ја почитуваат одлуката за бојкот и се вратија во Собранието.
Буралиева вели дека е сериозно вознемирена од инцидентот, но не е изненадена затоа што не било првпат да добива закани откако се одлучила да не го бојкотира Собранието.
Според неа, заканите секогаш доаѓаат по написите на еден новинар од еден портал, а истрагата треба да покаже дали има поврзаност. Таа не сакаше да открие за кој новинар и веб портал мисли, но нагласува дека веќе нема да молчи за притисоците.
Слично
