Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАКАНИ: 45 новинари пакуваат куфери да заминат од оваа држава

ЗАКАНИ: 45 новинари пакуваат куфери да заминат од оваа држава

Над 40 албански новинари сакаат да избегаат од земјата поради закани. 

Претседателот на новинарската асоцијација, Александар Чипа, вели дека во периодот 2017/2018 година се зголемува бројот на новинари кои побарале азил во земјите на ЕУ и САД. 

Ова е поради опасностите во работата, а многу други бараат државјанство во други земји.

„Дванаесет новинари побараа азил во земјите на ЕУ и САД поради опасности во работата, додека 34 други побараа државјанство на друга земја. Речиси сите од нив имаат пополнети досиеја со докази и документи за заканите при извршување на нивната задача и се подготвуваат да заминат“ – изјави Чипа.

Само два дена по нападот со огнено оружје врз домот на родителите на позната истражна новинарка  Клодијана Лала, закани добил и локален новинар во градот Лач.

За овие настани голема загриженост искажа и Комесарот за правата во информирањето и заштитата на лични податоци, Бесник Дервиши.

„Се солидаризирам со двајцата новинари, кои последно добија закани, но и со сите новинари кои се физички нападнати или им се упатуваат разни закани,поради задачата и нивната тешка новинарска мисија. Сите ние треба да вложиме напори никогаш повеќе да не се случуваат вакви работи“ - изјави Дервиши.

Новинарската асоцијација, поддржана од граѓанскиот сектор, по нападот врз куќата на родителите на  Лала, неколку пати протестираа во главниот град Тирана, барајќи поголема сигурност за своите и животите на нивните најблиски и нормално извршување на својата задача.

Чипа е скептик дека и овој напад ќе остане нерасветлен.

Слично

Поврзани вести