ЗАКАНА ОД НОВИ ГОЛЕМИ ЖАРИШТА: Болниците преполни во неколку градови во Србија, хоспитализирано и едномесечно бебе
Нови Пазар и
Тутин се градови кои брзо ќе станат големи жаришта на инфекцијата со корона
вирусот, поради екстремно ниската покриеност со вакцинација, предупредуваат
епидемиолозите. Болницата во Нови Пазар е полна со невакцинирани луѓе,
меѓу кои има и млади луѓе. Според достапните податоци, од вкупниот број
хоспитализирани, 97 биле невакцинирани, а тројца биле вакцинирани.
-На пример, во Тутин, во просек, дневно се регистрираат помеѓу 40 и 60 луѓе, додека од друга страна, тоа не ги загрижува граѓаните, кои слободно организираат прослави за околу 500 до 1.000 гости. Хоспитслизираните се главно постари, но имаше се повеќе млади пациенти, па дури и деца. На пример, во понеделникот имавме две заразени деца, и испративме едномесечно бебе во „Драгиша Мишовиќ“ бидејќи целото семејство е заразено-посочуваат лекарите од овие болници.
Епидемиологот и член на Кризниот штаб, проф. -р Бранисав Тиодоровиќ, во разговор за „Блиц“ се осврна на работата на локалните самоуправи, и посочи дека никој не ги контролира постојните мерки што се на сила цело време - маски, дистанца и дезинфекција, и додаде дека е загрижен бидејќи свадбите и прославите се организираат без почитување на мерките.
- Областа Рашка е во неволја поради многу ниската покриеност со вакцинацијата, и нема никаков начин за да се запре ненадејното ширење. Сега е пикот, болницата во Нови Пазар е полна. Тутин, на пример, е единственото место во Србија каде што средните училишта веднаш ќе почнат онлајн, а тоа е третиот модел на црвената зона. Тоа е многу загрижувачки - рече Тиодоровиќ.
ИЗВОР: Блиц.рс
