Зајакнува руската рубља на пазарите во развој
Рубљата годинава се пласираше на третото место.
Таа станува една од најдобрите валути на пазарите во развој, смета аналитичарот на компанијата „ЈП Морган Чејс“, Сад Сидики.
Оваа година руската валута зајакна за 14% и така демонстрираше најдобар показател меѓу пазарите во развој, по бразилскиот реал и јужноафриканскиот ранд. Трговците со оптимизам гледаат на долгорочните перспективи на рубља од средината на 2014 година.
Во вториот квартал оваа година економската активност на Русија е намалена за 0,6% во однос на истиот период лани, покажувајќи на тој начин квартално намалување од почетокот на 2015 година. Додека заработката на пазарите падна под нулата на пазарите од Јапонија до Европа, Русија благодарение на основната стапка од 10,5% стана популарно место за инвестирање на пари кои се земени евтино како кредит на други места.
Глобалната трка за приход ѝ помогна на рубљата да опстане во услови на пад на цените на „црното злато“ во овој квартал. Цената на нафтата од марката „Брент“ од јуни падна за седум отсто, а рубљата зајакна за скоро 1%.
Во јануари рубљата беше на рекорно најниско ниво. Тогаш руската рубља повторно падна на рекордно ниска вредност во однос на доларот, затоа што цените на нафтата продолжија да паѓаат поради прекумерни резерви на глобалниот пазар.
Лани оваа валута беше меѓу последните пет најслаби.
