Зајакна швајцарскиот франк поради што еден швајцарски град стана втор најскап во светот
Цирих е меѓу најскапите градови во светот поради зајакнувањето на швајцарскиот франк.
Тој стана втор најскап град во светот, веднаш зад Сингапур, бидејќи зајакнувањето на швајцарскиот франк дополнително ги зголеми трошоците за живот изразени во американски долари, според индексот на животниот стандард за богати поединци кој денеска го објави банката „Јулиус Бер“.
Швајцарскиот град напредуваше за три места на листата во споредба со минатата година, објавува Swissinfo. Индексот не ги мери класичните трошоци за живот за просечниот жител, туку ја мери цената на луксузен животен стандард за луѓе со огромни приходи и ресурси. Се фокусира на цените на луксузните недвижности и автомобили, приватното образование и здравствената заштита, врвните ресторани, авионските билети за бизнис-класа и другите претерани трошоци.
Недвижностите, велосипедите, луксузните торби, здравствените услуги, ласерската корекција на видот и спа-третманите се особено скапи во Цирих. Од друга страна, приватното образование во Цирих е релативно прифатливо во споредба со другите светски центри за богатите. Сингапур остана на врвот на листата, каде што високите цени на недвижностите, автомобилите и силната валута најмногу придонесуваат за скапиот живот на богатите поединци.
Монако е меѓу трите најскапи градови, додека Хонг Конг и Лондон се на четвртото и петтото место. Според истражувањето, трошоците за живот за богатите луѓе ширум светот се зголемиле во просек за околу 10 проценти во долари во текот на изминатата година, поттикнати од инфлацијата и промените во девизните курсеви.
foto printskrin youtube
