Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захарова вели Западот е против Србите и тие се „демонизирани“ за Сребреница

Захарова вели Западот е против Србите и тие се „демонизирани“ за Сребреница

Неприфатлива e демонизацијата на Србите за Сребеница, вели портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Таа реагира за терминот дека Србите се „геноциден народ“. 

Вели дека Русија доследно се залага за објективна истрага на сите незаконски акции кои биле насочени против сите етнички групи, вклучувајќи ги Бошњаците, Србите и Хрватите.

„Демонизацијата на Србите е во спротивност со меѓународното право и не придонесува на постигнување вистински меѓунационален мир“, кажа Захарова. 

Таа ја повика јавноста настаните од периодот од 1992 до 1995 година да не ги толкуваат политичарите, туку научниците и историчарите.

„Политизацијата на овие прашања само ја засилува меѓунационалната напнатост и не може да помогне во решавањето на задачите кои се однесуваат на јакнењето на мирот и безбедноста во регионот“, порача портпаролката на руското МНР.

Захарова истакна и дека во последните денови во медиумите во Босна и Херцеговина се пласирале различни измислици за ставот на Русија за Сребреница.

За состојбата на српското население на Косово вели дека е тешка и дека се влошува. Таа вели дека Западот секогаш бил насочен против Србите. 

Слично

Поврзани вести