Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захарова тврди дека Западот сака да го дестабилизира Балканот

Захарова тврди дека Западот сака да го дестабилизира Балканот

Русија тврди дека Западот сака да го дестабилизира Балканот. 

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Западот се обидува да го реформира Балканот според сопствените стандарди.

Москва ги осудува американските и британските санкции против српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик и други претставници на земјата.  Вели дека ваквата практика на незаконски санкции може барем да обезбеди реализација на позитивна агенда, за зајакнување на довербата, меѓуетничката хармонија, мирот и стабилноста во Босна и Херцеговина и во регионот во целина.

„Очигледно е дека Западот, спроведувајќи ваква злонамерна и деструктивна политика, се стреми само кон едно, а тоа е да го преобликува Балканот според сопствените шаблони, нанесувајќи им штета на националните интереси на регионот, да ги елиминира сите неистомисленици и оние кои не се согласуваат со западниот неоколонијализам“, вели Захарова. 

Додик истакна дека се труди да остане доследен на политиката која ја води – почитувањето на Дејтонскиот договор, а не да се раководи според очекувањата на странските сили, главно западните.

Командата на ЕУФОР во БиХ соопшти дека се бесмислици и целосно неосновани наводите на некои медиуми од Србија дека ЕУФОР има намера да го уапси српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Слично

Поврзани вести