Захарова бара од хумани причини Ратко Младиќ треба да биде пуштен на слобода
Видовме вести за хоспитализацијата на Ратко Младиќ во Хаг поради наглото влошување на неговата здравствена состојба, вели портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Сметаме дека би била правилна одлука Резидуалниот механизам да го ослободи Ратко Младиќ од хумани причини“, додаде таа.
Синот на Ратко Младиќ, Дарко, вчера се огласи по повод дезинформациите за смртта на неговиот татко на социјалните мрежи, кажувајќи дека се измислица.
„Ратко Младиќ е жив. Неговата состојба е иста како вчера, ни подобра ни полоша“, наведе Дарко Младиќ.
Рече дека сè уште не се знае дали и кога тим српски лекари ќе го прегледаат Младиќ, кој поради лошата здравствена состојба не може да зборува.
Засега нема најави или барања од одбраната Младиќ да биде пуштен на лекување во болница во Белград.Воениот командант на војската на Република Српска, Младиќ е осуден на доживотен затвор за геноцид, злосторства против човештвото, кршење на законите или воените обичаи за време на војната во БиХ во периодот 1992-1995 година.
