Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захариева вели дека во Македонија се учи дека Бугарите се Татари, нацисти и окупатори

Захариева вели дека во Македонија се учи дека Бугарите се Татари, нацисти и окупатори

Екатерина Захариева, заменик-претседател на Комисијата за надворешни работи и поранешен министер за надворешни работи на Бугарија вели дека е во постојан контакт со македонските Бугари и нивните организации. 

Тие ги повикуваат бугарските партии да го зачуваат националното единство. 

„Се надевам дека нивните зборови ќе ги слушнат и другите политички сили. Македонските Бугари споделуваат: „Ако не не разберат во Софија, каде на друго место ќе не разберат“, нагласи Захариева.

Таа вели дека проблемот во односите со Скопје не е во минатото, туку во сегашноста. 

Захариева тврди дека Бугарите во Македонија учеле дека нивните дедовци и баби се Татари, нацисти и окупатори. 

Сличен став имаше и Петар Колев од ГДУ. 

„Не прифаќаме веќе децата да учат дека нашите предци се Татари, фашисти, окупатори и најголеми непријатели на Македонија“, вели Петар Колев, претседател на Граѓанско демократска унија, одговарајќи на прашање на бугарската агенција БГНЕС за тоа која била целта на нивната посета на Софија.

Тој кажа дека отишле во Софија за да добијат информација од прва рака. 

Слично

Поврзани вести