Захариева: Успех во трговската и туристичка размена со Македонија по договорот
Екатерина Захариева, вицепремиерот и министерката за надворешни работи на Бугарија, на Дубровничкиот форум на регионалните политичари истакна дека Балканот претрпел големи измени во последните 20 години.
Таа се осврна и за договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија.
- Само за пет месеци од неговото потпишување, трговската размена ни се зголеми за 12 отсто, а размената на туристи се зголеми за 10 насто. - изјави Захариева, која наедно и посака успех на Македонија при гласањето на референдумот закажан за 30 септември.
На ова реплицираше вицепремиерката на Македонија и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.
- Се согласувам со Екатерина - многу не критикуваа пред потпишувањето на договорот со Бугарија, но сега граѓаните на двете земји гледаат дека тој е гаранција за стабилност. Не постојат замрзнати конфликти, туку замрзнати решенија - рече Шекеринска.
