Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захариева пред Османи: Од Скопје побргу се стигнува до Лондон, отколку до Софија

Захариева пред Османи: Од Скопје побргу се стигнува до Лондон, отколку до Софија

Екатерина Захариева,  министерката за надворешни работи на Бугарија, на заедничката онлајн-конференција со шефовите на дипломатиите на Македонија ио Германија - Бујар Османи и Хајко Мас во рамките на Берлински Процес рече дека физичките врски помеѓу Скопје и Софија се на незадоволително ниво.

- До Софија патуваме побавно отколку до Лондон,  или пак по земјен пат до Тирана и Подгорица. Колку поедноставни се врските помеѓу бизнисот и луѓето, толку подобра е иднината за младите луѓе, рече Захариева.

Најави дека утре на средбата на лидерите во рамки на Берлинскиот процес, каде што ќе присуствуваат и претседателите на бугарската и македонската влада - Бојко Борисов и Зоран Заев, со поддршка на Европската комисија ќе се донесат важни одлуки.

- Станува збор за две важни одлуки - за заедничкиот европски пазар како и декларација за агендата за Западен балкан кое го потврдува ангажирањето на земјите преку конкретен план во клучни области, наведе Захариева.




Слично

Поврзани вести