Захариева кажа кога Бугарија ќе го ратификува Протоколот
Бугарија има интерес од влезот на Македонија во ЕУ и НАТО, тврди бугарската шефица на дипломатијата, Екатерина Захариева.
Се надевам дека Бугарија ќе биде една од првите земји кои ќе го ратификуваат договорот за отпочнување на преговори за пристапување на Македонија кон НАТО, изјави бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, пренесе БГНЕС.
„Се надевам дека тоа ќе се случи следната или наредната недела во бугарскиот парламент и Бугарија да биде една од првите земји кои ќе го ратификуваат договорот за отпочнување на преговори за пристапување на Македонија кон НАТО”, рече Захариева.
Порача дека за Бугарија е од национален интересе Македонија да влезе во НАТО, а има интересе и од тоа Македонија да почне преговори за членство во Европската унија.
