Загубите се во милиони - 43 бродови се заробени поради конфликтoт со Иран
Најмалку 43 контејнерски бродови од десетте најголеми светски бродски компании сè уште се заглавени во Персискиот Залив на Блискиот Исток, објави списанието „Лојдс Лист“.
Според ова списание, водечките превозници ги прекинале своите услуги во регионот од почетокот на војната против Иран на крајот на февруари, што довело до значителни доцнења и зголемување на трошоците во глобалната трговија.
Како што објави денеска Ал Џезира, некои бродови во сопственост на компаниите „CMA CGM“, „COSCO“, „Hapag-Lloyd“ и „MSC“ успеале безбедно да бидат евакуирани од регионот, додека, според истиот извор, два брода на компанијата „MSC“ иранските власти ги заплениле, пренесува bizportal.rs.
Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент работи на деталите од план од 12 точки што би го ставил стратешкото управување со Ормутскиот теснец под иранска контрола, објави иранскиот весник „Тасним“.
Членот на парламентарниот комитет, Фадахосеин Малеки, во саботата потврди дека разгледувањето на планот е на дневен ред и дека некои од неговите одредби веќе се одобрени. Малеки објасни дека предлогот се состои од 12 точки и дека преостанатиот дел ќе биде дискутиран на идните седници за да се подготви конечен извештај.
Висок ирански функционер на 23 април објави дека Иран веќе ги добил првите приходи од таксите што им се наплаќаат на странските бродови за минување низ Ормутскиот теснец. Парите, како што беше објавено, се депонирани во Централната банка на Иран.
foto printskrin youtube
