Економија, финансии, бизнис

Контакт

Загуби 46 милијарди долари за една година и пак е број еден на Форбс-листата

Загуби 46 милијарди долари за една година и пак е број еден на Форбс-листата

Најбогатите 400 Американци на истата на „Форбс“ за 2018 вредат 2.960 милијарди долари, што е за 2,2 проценти повеќе од 2018 година. Основачот и извршен директор на „Амазон“, Џеф Безос, е рангиран како најбогат во САД веќе втора година по ред.

Неговото богатство во моментов е 114 милијарди долари, што е намалување во однос на 160 милијарди американски долари претходната година, но и натаму е на прво место.

Неговата поранешна сопруга, Мекензи Безос, е меѓу 15-те најбогати Американци за прв пат, со богатство од 36,1 милијарди долари.

Сопственикот на Мајкрософт, Бил Гејтс е на второто место, како што беше минатата година, но јазот меѓу него и Безос драстично се намали, на 8 милијарди долари.

Покрај Мекензи Безос, на најбогатите Американци им се придружија уште 18 богати Американци, меѓу кои и Тим Свини, сопственикот на компанијата за видео игри „Епик Гејмс“, како и Орландо Браво, сопственик на недвижнини и прв милијардер роден во Порто Рико.

Минималната нето вредност што е потребна за влез во Ексклузивниот клуб на американските богаташи не е променета од минатата година и е 2,1 милијарди американски долари.


Слично

Поврзани вести