ЗАГРИЖУВАЧКИ ПОДАТОЦИ: Од регионот вклучувајќи ја и Македонија во последните 25 години заминале 20 милиони луѓе
Среднорочните перспективи на раст и понатаму се скромни, а неизвесноста висока.
Негативните демографски движења и недостиг на квалификувана работна сила ќе претставуваат се посериозен проблем за сите европски транзициски земји, пишуваат медиуми од регионот.
Со исклучок на Турција, регионот брзо се „осипува“, утврдил Пол Томсен, директорот на ММФ за Европа на неодамнешната конференција на ММФ и ХНБ во Дубровник. Тој економист од Данска полни 35 години работи за ММФ, а значи за одличен познавач на ситуациите во средна и источна Европа каде работел како шеф на мисијата за Русија, Србија, Словенија, Македонија, Романија и Полска. Во последните 25 години југоистокот на Европа го напуштиле 20 милиони луѓе, односно 5,5 отсто од популацијата, но силната емиграција продолжува и понатаму, посебно на млади и образовани.
Да немало одлив на кадри, Томсен потсетува дека БДП во регионот во просек би бил 7 посто поголем отколку што е денес. ММФ затоа и организирала конференција во Хрватска за да ги поттикне владите да направат пресврт во начинот на управување и институции, бидејќи тоа ќе биде еден од важните чекори на задржување на стручни и млади луѓе дома. Според истражувањата на ММФ, потенцијален раст во регионот за половина е помал отколку што беше во пресрет на кризата во 2008 година, што ќе го забави приближувањето на развиените западни држави.
Надворешна економска ситуација веќе нема да биде стимулирана како што беше до 2008 година.
Среднорочни изгледи за растот и понатаму се скромни, а неизвесноста висока. За регионот е од витално значење и тоа што потенцијалниот раст во еврозоната , главен трговски партнер во регионот, ќе биде за петтина понизок од растот кој е остварен пред кризата, истакнал Томсен. Шефот на ММФ за Европа исто така предупредува дека надворешно-економското опкружување може да биде помалку поволно, посебно за земји кои уште не и пристапиле на ЕУ, а на регионот ќе се прелеат и политичките превирања кои „шират страв и анкциозност“ и тоа не само во САД и во Велика Британија, туку и на други места.
