Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАГРИЖУВАЧКИ: За помалку од три месеци – 11 нови ХИВ позитивни!

ЗАГРИЖУВАЧКИ: За помалку од три месеци – 11 нови ХИВ позитивни!
Драстично зголемување на бројот на заболени со ХИВ/СИДА во Македонија - само за 2,5 месеци од јануари бројот на заболени со ХИВ вирусот се зголемил за 11 лица. Бројката е алармантна доколку се знае дека во цела претходна година биле регистрирани 24 новозаболени. Сите нови случаи се мажи од групите со ризично однесување - интравенозни корисници на дроги, комерцијални сексуални работнички, мажи што имаат секс со мажи, вели за Дневник д-р Жарко Kараџовски, началник на одделението за сексуално преносливи болести, ХИВ/СИДА во Институтот за јавно здравје. Pоследните 10 години бројката на мажи што се заразиле преку секс со мажи е петпати зголемена - од 10 на 51 лице. Така, во периодот од 1987 до 2004 биле регистрирани само 10 мажи со ХИВ/СИДА, кои вирусот го добиле преку сексуален контакт со мажи, а од 2005 до 2014 година има 51 нов случај на мажи што се заразиле преку секс со мажи. Според Караџовски, првата реакција на забоените, по шокот дека тестот е позитивен, била дека не знаеле во што се впуштаат, иако свесно го прифатиле ризикот и без кондом имале сексуален однос.
Слично

Поврзани вести