Загрижувачка посета на Ципрас во Москва
Премиерот на Грција Алексис Ципрас пристигна во дводневна посета на Москва, на покана на претседателот на Русија Владимир Путин. Ципрас ќе има средби и со рускиот премиер Дмитриј Медведев и со Патријархот Кирил.
Москва се надева дека ќе добие поддршка од некои земји-членки на Унијата, особено Унгарија и Грција, за олеснување на санкциите поради конфликтот во источна Украина.
Во интервју за германскиот весник „Билд“, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц го советува Алексис Ципрас да не го загрозува единството на Европската унија за време на посетата на Русија.
Главната загриженост за европските лидери е дали Ципрас ќе ја жртвува заедничката надворешна политика во името на личната корист.
Слично
