ЗАГРИЖЕНОСТА РАСТЕ: Што се случува со најголемата европска економија?
Најновите податоци за забавувањето на растот на нарачките на германската индустрија во оваа година до јули ја загреаа загриженоста на економистите дека таа најголема европска економија го забавува растот како последица на економската и политичка неизвесност.
Бројот на договори за испорака на стока произведена во Германија пораснал во јули за само 0,2 отсто во однос на претходниот месец, покажуваат во вторникот објавените податоци на тамошното министерство за економија. Тоа е послабо од очекувањата на економистите, кои во анкета на Ројтерс го проценуваа нивниот раст за 0,5 отсто.
Домашната побарувачка притоа паднала за 3 посто, додека странските нарачки пораснале за 2,5 посто, при што побарувачката од еврозоната скокнала за 5,9 посто. Тоа се првите податоци за индустриските порачки за цел месец откако Британија гласаше за напуштање на Европската унија.
„Економската и политичка неизвесност ја загушуваат активноста на порачувања ширум светот“, вели економистот од банката ВП Банк, Томас Гицел, додавајќи дека британсиот референдум за напуштање на ЕУ е еден негативен факт меѓу неколкуте.
„Со американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, следната неизвесност е зад агол“, рекол економистот, укажувајќи на острата реторика на Трамп против слободната трговија. САД се најважен германски извозен пазар.
