Загриженост во Војводина, афлатоксини пронајдени во сите видови млеко
Како што соопшти денеска Владата на Војводина, анализите на млеко од Србија за присуство на алфатоксин кои биле работени во Германија, покажале зголемено присуство на алфатоксин во сите примероци кои се анализирани.
„Сите 25 примероци испратени во лаборатории во Баден-Виртемберг содржеле повеќе од 0,08 мг/кг. алфатоксин“, изјави денеска покраинскиот секретар за меѓурегионална соработка Бранислав Бугарски.Девет примероци на млеко се земени од рафтови на продавници во Војводина на 20 февруари, а останатите 16 на 25 февруари, што значи по наредбата за повлекување на млекото со присуство на алфатоксин повисок од 0,05 мг/кг.
„Би им препуштил на надлежните државни органи да утврдат евентуална одговорност заради тоа. Сметам дека тоа е сериозно загрозување на јавното здравје“, изјави Бугарски кој додаде дека во сите 19 примероци на млеко од 20 февруари нивото на алфатоксин било од 0,1 до 0,12 мг/кг.
Слично
