Загрижен сум за амбициите на Русија за Западен Балкан: Палмер повтори и од БиХ
Иако сум загрижен за амбициите на Русија кон БиХ и Западен Балкан, како и пошироко во Европа, јас останувам убеден дека нашата визија за овој регион е општо прифатена и ќе има поддршка од политичките лидери, изјави денеска во Босна и Херцеговина, заменик помошник секратарот за европски и евроазиски работи на Стејт департментот за Западан Балкан Метју Палмер. Тој е на балканска турнеја, откако минатиот викенд беше и во Македонија каде на панел ја искажа сличната позиција на САД
„Соединетите држави и Европската унија имаат јасна слика за Босна и Херцеговина цврсто интегрирана во евро-атлантските структури, за разлика од Русија, која не ја дели таа визија и поттикнува недоверба, тензии и немири во целиот регион на Западен Балкан, додаде Палмер.
ИЗјавата ја дава за „Ослобоѓење“ каде вели дека верува оти повеќето луѓе во БиХ и другите земји од Западен Балкан ја претпочитаат политиката што ја промовираат САД.
Палмер од Охрид рече дека е разочаран што не било решено прашањето за отворање на првите меѓувладини конференции за Северна Македонија и Албанија, и покрај, како што рече, силното застапување и разумните решенија на португалското претседателство и на европските партнери.
„Нашите геополитички конкуренти се обидуваат да го нарушат кредибилитетот меѓу САД и ЕУ, а исто така и самиот регион се сомнева во интегритетот на нашата колективна определба“, истакна Палмер во Охрид.
