Економија, финансии, бизнис

Контакт

Загрижен сум дека следниот пат може да ме убијат, вели Борисов откако излезе од притвор

Загрижен сум дека следниот пат може да ме убијат, вели Борисов откако излезе од притвор

Eкс бугарскиот премиер и претседател на ГЕРБ, Бојко Борисов, вечерва излезе од притвор. 

Тој 24 часа беше во полиција. 

„Вчера синоќа, влезе полицијата. Ниту обвинение, ништо. На крајот откриле дека ништо не е пронајдено. И јас мислев дека си заминуваат, и рекоа ќе те задржиме. Не донесоа овде. Издржавме 24 часа.  Загрижен сум дека следниот пат може да ме убијат, додаде лидерот на ГЕРБ.

Од притвор беа ослободени и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и публицистката на Борисов, Севдалина Арнаудова.

Премиерот на Бугарија,  Кирил Петков порача дека никој не е над законот.

Бугарското министерство за внатрешни работи потврди дека операцијата во рамките на која бил приведен Борисов е поврзана со 120 случаи на злоупотреба на средствата од ЕУ.

фото БГНЕС

Слично

Поврзани вести