ЗАГРЕБСКИОТ АЕРОДРОМ ГО ОЛЕСНУВА ПАТУВАЊЕТО: Воведува автоматска проверка на картите
Аеродромот во Загреб воведува автоматска проверка на картата
за влегување, овозможувајќи им на патниците едноставно да ги скенираат своите
карти за влегување, наместо
рачно да им бидат проверувани документите.
Овој потег има за цел да ја подобри ефикасноста во секојдневните операции. Во моментов на аеродромот се тестираат новите скенери за бординг карта.
Според порталот „Croatia Aviation“, сега се поставени вкупно четири вакви скенери. На почетокот на новата година на аеродромот во Загреб целосно ќе се имплементира автоматската проверка на влезната карта. Аеродромот во Сплит моментално е единствениот во земјата кој може да се пофали со ваква технологија.
EPA-EFE/ANTONIO BAT
Слично
