Економија, финансии, бизнис

Контакт

Загребски експерт за геополитика: Македонија е „Буре барут на Балканот“!

Загребски експерт за геополитика: Македонија е „Буре барут на Балканот“!

Загребскиот експерт за геополитика Влатко Цвртило смета дека Македонија со сегашната структура е дефинитивно „буре барут на Балканот“.

Причината не е само етничкиот состав, туку и поделеноста на Македонците во политичка смисла, наведува тој.

Цвртило за хрватска Нова ТВ наведе дека во иднина не би требало да се исклучи можноста од ескалација на судирите и надвор од границите на Македноија и оцени дека вооружените судири на македонските сили за безбедност и терористите, во текот на викендов во Куманово најмногу и одговараат на актуелната владеачката структура на премиерот Никола Груевски.

„Тој (Груевски) е притиснат од опозицијата, но и од јавноста поради се што се дозна по пат на прислушувањето, како и другите работи кои власта ги правела наназад неголку години. Се соочил и со можноста да дојде до голем притисок, можеби и до предвремени избори и некои други настани кои би ја ослабнале неговата власт. Со оглед на сето тоа овој настан, но и сличниот од пред две недели, му одеше од рака и успеал да ја консолирида својата власт“, смета Цвртило.

Запрашан дали е на повидок нова Украина, „македонската пролет“, како и дали е Македонија ново „буре барут“ на Балканот, тој одговара дека таа држава со сегашната структура тоа е дефинитивно и потсетува дека Македонија, покрај сето тоа, е уназадена откако пред неколку години не добила покана за НАТО.

„Таму демократските институции се слаби, под апсолутна контрола на власта се. Медиумите не се слободни. Тоа е авторитарно владеење кое предизвикува отпор на граѓаните. Оваа пролет тој отпор се зголемил и изгледаше дека би можел да резултира со некаква политичка промена. Овие настани сигурно тоа ќе го запрат, но нема во целост да го спречат“, наведува Цвртило и предупредува дека ваквите настани не треба да се исклучуваат ни во иднина.

Во кумановската Дива Населба , во која во текот на викендот дојде до вооружени судири на силите за безбедност и терористите, животот утрово полека се враќа во нормала.

Акцијата во која загинаа осум полицајци, а се убиени најмалку 14 терористи, е завршена вчера попладне и во тек е увид во кој учествуваат претставници на ОБСЕ, со придружба на специјални единици на македонската полиција.

Според полициските наводи, повеќе од 37 полицајци се повредени, но и понатаму нема податоци за евентуални жртви меѓу цивилното население.

Денес е Ден на жалост.

Слично

Поврзани вести