Го зајакнува учеството: Загребска берза ќе купува нови акции во Македонска берза
Загребска берза сака да го зголемо учеството во Македонска берза, дознава ексклузивно Фактор. Понудата веќе е доставена, а Комисијата за хартии од вредност со седиште во Скопје на 16 март веќе издала Решение за согласност за преземање на квалификувано учество поголемо од 10 отсто во Македонска берза.
Со Решението се дава согласност на Загребска берза Д.Д Загреб да стекне квалификувано учество во Македонска берза АД Скопје, односно да се стекне со акции чиј вкупен кумулативен износ не надминува 20 проценти од вкупно издадените акции со право на глас од Македонска берза АД Скопје.
„Согласно барањето за добивање согласност за стекнување на квалификувано учество во Македонска берза АД Скопје и Одлуката на Надзорниот одбор на Загребачка берза Д.Д Загреб Загребачка берза Д.Д Загреб има намера да стекне 276 акции, односно 9,89 отсто од акциите на Македонска берза АД Скопје со што процентуалното учество би се зголемило од 5,3 проценти на 15,19 проценти од акциите на берзата, стои во документот
Трансакцијата за стекнување на акциите треба да се изврши во рок од 90 календарски денови од денот на добивање на согласноста.
А.Т.
