Економија, финансии, бизнис

Контакт

Загреб се подготвува за невиден спектакл - како ќе ги дочекаат фудбалерите?

Загреб се подготвува за невиден спектакл - како ќе ги дочекаат фудбалерите?

Хрватска и Загреб се подготвуваат за голем дочек на хрватската фудбалска репрезентација без разлика како ќе заврши финалниот натпревар со Франција кој се игра во недела во 17 часот. 

Спектаклот кој тие го подготвија во далечната Русија доведе до славење на улиците во Хрватска кое не запира. 

Ќе има дочек за тимот со Златко Далиќ во Загреб, сите под водство на познатиот хрватски режисер Крешимир Доленчиќ, кој откри каков вид протокол се подготвува. 

„Дочекот за нашите фудбалери го подготвуваме за понеделник, ќе се одвива преку ден, поточно во попладневните часови. Ги повикуваме граѓаните да се придружат од аеродромот до плоштадот. Тоа е многу важно и помогнете ни кај Славонска, Мостот на слободата, и Вуковарска. Полицијата наскоро ќе ја објави трасата, но таа е секогаш иста“ - вели соговорникот на Загребинфо. 

Смета дека на плоштадот во Загреб ќе се слее пола Хрватска, што е разбирливо. 

Во однос на изведувачите не се знае уште кој ќе ги забавува луѓето. 

За овој невиден успех говор ќе држат играчите. 

Програмата на плошадот ќе почне во 10 часот, додека играчите од Москва ќе полетаат во 11 часот, и ќе стигнат во 13.30 часот. Се очекува на плоштадот да има десетици илјади луѓе. Она што се знае е дека на величествен начин ќе бидат дочекани спортистите. 

Слично

Поврзани вести