Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАГИНА СЛОВЕНЕЧКИОТ КОНЗУЛ ВО БАЊА ЛУКА: Бил убиен со голф

ЗАГИНА СЛОВЕНЕЧКИОТ КОНЗУЛ ВО БАЊА ЛУКА: Бил убиен со голф

Словенечкиот конзул Маријан Ристиќ загинал вчера вечерта во Бања Лука, потврди Министерството за внатрешни работи на Република Српска.

Како што е соопштено од Окружното обвинителство во Бања Лука, словенечкиот државјанин бил удрен од автомобил „голф“ управуван од 23-годишниот Сергеј Миљковиќ, јавува Н1 Сараево, повикувајќи се на „Независне“.

Настанот се случил околу 18 часот и 40 минути на улицата Булевар Петра Бојовиќа а Маријан Ристиќ бил пешак.

Окружниот јавен обвинител Бранко Бјелајац, спровел истрага на местото на несреќата, заедно со полициски службеници.

Обвинителот наредил да се преземат сите потребни истражни дејствија и мерки, како и вештачење за утврдување на сите околности на сообраќајната незгода, а наредена е и обдукција на телото на починатиот.


Слично

Поврзани вести