Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАГИНА ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН, А СО НЕГО И БРАТ МУ И УШТЕ ДВАЈЦА СОПАТНИЦИ: Паднале со џипот во провалија длабока 300 метри во Босна

ЗАГИНА ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН, А СО НЕГО И БРАТ МУ И УШТЕ ДВАЈЦА СОПАТНИЦИ: Паднале со џипот во провалија длабока 300 метри во Босна

Трагична несреќа се случи денеска во местото Липничко брдо, меѓу Какањ и Вареш, а во неа животот го загубија четири лица, меѓу кои и сопственикот на компанијата „Делта Петрол“.

Како што претходно објави „Аваз“ се работи за двајца браќа, а како што неофицијално дознава, се работи за Бакир Спахиќ, сопственик на фирмата „Делта Петрол“ и неговиот брат С.С., и уште две лица чиј идентитет не е познат.

Тие настрадале во теренецот кога паднале од шумскиот пат во провалија длабока речиси 300 метри. При превртување на возилото телата испаднале од џипот.

Истрагата се уште е во тек за да се утврдат сите детали за оваа страшна несреќа. Како што е потврдено, спасувачите на ГСС се на терен и ќе им помогнат на полициските службеници на местото на инцидентот при извлекување на телото од длабоката провалија.

За оваа трагедија се огласи и градоначалникот на Какањ, Мирнес Бајтаревиќ.

Тој излегол на местото на настанот за да ги координира активностите за цивилна заштита неопходни за извлекување на телата на жртвите.

- Ова е навистина голема трагедија. Какањ е во шок и неверување. Длабоко сочувствувам со семејствата и со многу луѓе кои се длабоко тажни откако дознаа за оваа тажна вест - рече градоначалникот Мирнес Бајтаревиќ.


Слично

Поврзани вести