Економија, финансии, бизнис

Контакт

Загина Никола Младенов, основач на медиумскиот плурализам во Македонија

Загина Никола Младенов, основач на медиумскиот плурализам во Македонија
Во сиве овие 20 години Младенов опстојуваше на своите ставови, наметнувајќи го неделниот весник како медиум кој врз пазарни принципи се бори за својот углед и опстанок. Тој беше човек со идеја, проекција, визија.  Поч­ну­вај­ќи ка­ко на­де­жен млад актер, Ни­ко­ла Мла­де­нов ја пре­на­со­чу­ва сво­ја­та ам­би­ци­ја и кон сре­ди­на­та на 1980-ти­те поч­ну­ва со ра­бо­та ка­ко но­ви­нар во „Млад бо­рец“. Тој е еден од лу­ѓе­то што ги во­ве­де плу­ра­ли­стич­ки­те пра­ви­ла во ма­ке­дон­ско­то но­ви­нарс­тво, за­ед­но со сво­ја­та еки­па во „Млад бо­рец“. Пр­во поч­на ка­ко но­ви­нар, па за­ме­ник на глав­ни­от уред­ник и кон кра­јот на 1980-ти­те ста­ну­ва гла­вен уред­ник. „Млад бо­рец“ бе­ше пред­вес­ник на но­ви­нар­ска­та про­лет во Ма­ке­до­ни­ја. Не­го­ви­те ко­ле­ги че­сто зна­е­ја да ка­жат де­ка тој е тво­ре­цот на ма­ке­дон­ска­та про­лет – си­те про­ме­ни во од­нос на плу­ра­лиз­мот и си­те твор­би во ко­рист на де­мо­крат­ски­те про­це­си во зем­ја­ва би­ле по­кре­на­ти ток­му пре­ку овој вес­ник, де­ло на Мла­де­нов. По „Млад бо­рец“ тој го ос­но­ва ра­ди­о­то „Ли­бер­тас“, а на­бр­гу, во 1995 го­ди­на поч­ну­ва со из­да­ва­ње­то на не­дел­ни­от вес­ник „Фо­кус“, ка­ко прв сло­бо­ден и не­за­ви­сен не­де­лен вес­ник во Ма­ке­до­ни­ја. Со ло­го­то „Не­дел­ник на вна­треш­ни­от, а, бо­га­ми, и над­во­реш­ни­от не­при­ја­тел“, „Фо­кус“, под водс­тво на Мла­де­нов ста­ну­ва еден од глав­ни­те стол­бо­ви на но­во­то ма­ке­дон­ско оп­штес­тво. Мла­де­нов го гра­де­ше брен­дот на „Фо­кус“ це­ли 20 го­ди­ни, ре­чи­си ед­на по­ло­ви­на од не­го­ви­от жи­во­тен век, соз­да­вај­ќи ме­ди­ум во ко­ја нај­важ­на бе­ше реч­та на сло­бод­ни­от го­вор, сло­бо­да­та бе­ше им­пе­ра­ти­вот на не­го­ви­те на­пи­си. Пре­ку „Млад бо­рец“, а по­тоа и пре­ку „Фо­кус“, тој во­ве­де комп­лет­но но­ви пра­ви­ла во но­ви­нарс­тво­то – сло­бо­да­та, без раз­ли­ка на сѐ! Се­то она што поч­на пре­ку „Млад бо­рец“, бе­ше про­дол­же­но во „Фо­кус“ – не­дел­ни­от вес­ник теж­не­е­ше кон ре­во­лу­ци­о­нер­но­то но­ви­нарс­тво, кон сло­бо­да, кон кри­тич­ка мис­ла за се­то она што тре­ба да би­де кри­ти­ку­ва­но. Мла­де­нов не тр­пе­ше да ра­бо­ти на­ра­ча­ни тек­сто­ви од цен­три­те на моќ, за­ла­гај­ќи се за ви­сти­на­та ка­ко клу­чен еле­мент на но­ви­нар­ска­та ра­бо­та. Во си­ве овие 20 го­ди­ни Мла­де­нов оп­сто­ју­ва­ше на сво­и­те ста­во­ви, на­мет­ну­вај­ќи го не­дел­ни­от вес­ник ка­ко ме­ди­ум кој врз па­зар­ни прин­ци­пи се бо­ри за сво­јот уг­лед и оп­ста­нок. Тој бе­ше чо­век со иде­ја, про­ек­ци­ја, ви­зи­ја. Овие збо­ро­ви за Мла­де­нов се су­шти­на­та на не­го­во­то би­ти­су­ва­ње, бе­ше хра­бар и бе­ском­про­ми­сен, се­ко­гаш ко­га ја кри­ти­ку­ва­ше ра­бо­та­та на ко­ја би­ло власт и оп­штес­тве­на по­ја­ва. При пр­ви­те ин­терв­јуа со но­ви­на­ри­те, клуч­ни­те збо­ро­ви му беа – „Ние сме опо­зи­ци­ја и кри­ти­ча­ри кон се­ко­ја власт, не ме ин­те­ре­си­ра ко­ја е!“. Во стро­го­ста на не­го­ви­те на­пи­си се­ко­гаш се гле­да­ше не­го­ва­та до­бро­на­мер­ност и жел­ба за про­ме­ни кон по­до­бро на ма­ке­дон­ско­то оп­штес­тво. Не бе­ше дог­ма­ти­чар, ги при­фа­ќа­ше ар­гу­мен­ти­те и ста­во­ви­те на дру­ги­те, се­ко­гаш ко­га тие беа ар­гу­мен­ти­ра­ни и ви­стин­ски. Во „Фо­кус“, со водс­тво на Мла­де­нов во овие 20 го­ди­ни ми­наа ре­чи­си си­те глав­ни пер­а на ма­ке­дон­ско­то но­ви­нарс­тво. Мла­де­нов од „Фо­кус“ ус­пеа да на­пра­ви ме­ди­ум­ски по­ли­гон за де­ба­та на раз­лич­ни по­ли­тич­ки, оп­штес­тве­ни кул­тур­ни и исто­ри­ски гле­ди­шта. Се­ко­гаш отво­рен за раз­го­вор, не­го­ва­та мис­ла не за­ста­ну­ва­ше во ни­е­ден мо­мент, се­ко­гаш ве­ле­ше, „да не се вр­ти­ме на­зад, ту­ку да гле­да­ме на­пред“, ве­ру­вај­ќи де­ка тоа што го пра­ви е ис­прав­но. Тоа бе­ше единс­тве­на­та не­го­ва дог­ма, „ра­бо­там за тоа што е ви­сти­на, за прав­да­та“. Тоа беа единс­тве­ни­те точ­ки за кои не са­ка­ше да ди­ску­ти­ра. Ве­ру­ва­ше и зна­е­ше де­ка оди по ви­стин­ски­от пат. А, тој пат бе­ше со мно­гу преч­ки, со соп­ки, од си­те стра­ни. Мла­де­нов не бе­ше кон­фор­мист кој ќе се сог­ла­се­ше на ком­про­мис, кој не­му ќе му обез­бе­ди по­у­до­бен жи­вот. На­про­тив. Сме­та­ше де­ка ра­бо­ти за по­до­бра Ма­ке­до­ни­ја, за по­ква­ли­тет­но но­ви­нарс­тво, за пос­ло­бод­но оп­штес­тво. Са­мо во тоа ни­кој не мо­же­ше да го раз­у­бе­ди. Не­гов сон бе­ше да соз­да­де дне­вен вес­ник „Фо­кус“, во што ус­пеа ле­ги­ти­ми­рај­ќи го сво­јот 30-го­ди­шен ра­бо­тен век со про­из­вод кој го на­мет­на ка­ко де­мо­крат­ски им­пе­ра­тив. Днев­ни­от вес­ник „Фо­кус“ бе­ше уште еден про­зо­рец кој Мла­де­нов го отво­ри, за да го ра­ши­ри сво­јот, ви­до­кру­гот на лу­ѓе­то со кои ра­бо­те­ше и на не­го­ви­те број­ни чи­та­те­ли. Извадок од утрешниот број на ФОКУС _______________________________________________________________ Ни­ко­ла Мла­де­нов е ро­ден на 10 март 1964 го­ди­на во Скоп­је. Тој е но­ви­нар што се афир­ми­ра во пер­и­о­дот на рас­па­ѓа­ње­то на СФРЈ, ка­ко гла­вен и од­го­во­рен уред­ник на „Млад бо­рец“, ор­ган на ССММ, кој ги отво­ри сво­и­те стра­ни­ци за те­ми и лич­но­сти што би­ле во не­фор­мал­на­та „цр­на ли­ста“ во ма­ке­дон­ско­то но­ви­нарс­тво. Ра­скр­сту­ва­ње­то со авто­цен­зу­ра­та во ме­ди­у­ми­те и отво­ре­но­то со­о­чу­ва­ње се де­це­ни­ски­те гре­во­ви на ко­му­ни­стич­ка­та но­менк­ла­ту­ра му до­не­су­ва­ат на „Млад бо­рец“ уг­лед на пред­вод­ник на де­мо­крат­ски­те про­це­си во СРМ. Во 1995 го­ди­на Мла­де­нов го ос­но­ва „Фо­кус“, вли­ја­те­лен ин­фор­ма­тив­но-по­ли­тич­ки сед­мич­ник во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. (Из­ва­док од ен­цик­ло­пе­ди­ја­та на МА­НУ)  
Слично

Поврзани вести