Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАГАДУВАЊЕ: Потешко се дише, дали годинава мерките ќе дадат ефект?

ЗАГАДУВАЊЕ: Потешко се дише, дали годинава мерките ќе дадат ефект?
Со добро испланирани мерки, загаденоста на воздухот може да се намали барем за 50 проценти, укажуваат екологистите. Според екологистите на некои од изворите на загадување може да се влијае,  но  некои како што се временските услови не може да се контролираат или да се спречат. Како главни извори за загадување на воздухот ги посочуваат временски услови односно маглата, работата на фабриките и користењето на нееколошки извори на енергија, затоплувањето на домовите и пред се користењето на дрва, нафта, сообраќајот со користење на стари возила без еколошки стандарди, густината на населението, па и градбите кои не дозволуваат градот "да диши", сечењето дрвата во градовите кои го собираат аероседиментот и штетните честички, сечењето на дрвата на околните планини околу градовите. - Но, ние на некои можеме, на некои не можеме да влијаеме.Сметам дека со организирана и добро испланирана акција би можело да се намали загадувањето барем за 50%, но ќе видиме како надлежните во следниот период ќе се справат и дали ќе има некакво подобрување на состојбата. Дотогаш жртви на загадувањето ќе бидат граѓаните и ќе бидеме на врвот на листата на најзагадени градови во Европа, а државните фондови за здравство ќе трошат пари на лекување на последиците од загадувањето.  За жал не се научи лекцијата од Велес и истите грешки се повторуваат и денес, вели Ненад Коциќ од еколошкото друштво “Вила Зора”-Велес Мерните станици и годинава регистрираат високо ниво на загаденост на воздухот.  Скопје, Тетово, Кичево, Битола и оваа година се на врвот на листата на најзагадени градови, каде што концентрацијата на штетните  честички ПМ10 е неколку пат над дозволените граници. Од скопските населби, концентрацијата на овие штетни честички е исклучително висока во населбите Лисиче и Центар. Мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање, покажуваат дека присуството  на ПМ10 честкчите во Тетово 234 микрограми на метар кубен, во Лисиче 151, во Центар 113, кај Ректорат 102, во Битола 106 и во  Кичево 147 микрограми на кубен метар. Висока концентрација на штетните честички е регистрирана и во скопската населба  Гази Баба, Карпош, Миладиновци, Велес и Кавадарци. Дозволеното присуство на ПМ 10 четичките е 35 микрограми на метар кубен. Лани состојбата беше слична, а надлежните превземаа неколку мерки за справување со загаденоста. Но дали овие мерки навреме беа превземени и дали го дадоа очекуваниот ефект? - Мерките кои беа препорачани минатата година беа непродуктивни и не беа во склад со препораките од СЗО. Нашата препорака беше јавно презентирана, но требаше во текот на целата година да се превземаат мерки за намалување на загадувањето, затоа што причината се повеќе извори на загадување. Нормално ние треба да се насочиме на оние на кои можеме да влијаеме. На пример не можеме да влијаеме на временските услови, но можеме да ја поттикнеме употребата на поеколошки горива.Но мора да се реши проблемот со гасификација на државата, ние предложивме воведување мерка, ТНГ плин за домаќинство. Државата сигурно нема да пропадне ако се откаже од дел од бенефициите кои се добиваат со продажбата на плин во период од 2-3 месеци во годината, па наместо 35 денари да се намали цената на 15-20 денари.  Со тоа многу домаќинства би се префрлиле на греење со плин. Но тоа се прави пред почетокот на сезоната, кога луѓето немаат обезбедено реквизити за греење, а не во сезоната. Препорачавме и задолжителна употреба на биодизел во сообраќајот, пред се за тешките превозни средства, со зголемување на процентот на биодизел до 20 проценти (од сегашните 8 проценти), со цел намалување на загадувањето од сообраќајот, но ништо од ова не беше имплементирано. Нормално потребно е редовна контрола на тешката индустрија и дозирано производство во критичните денови, а не криејќи се зад завесата на маглата, и токму во најмагливите денови фабричките оџаци и најмногу загадуваат, вели Коциќ. Дали годинешните мерки ќе ја намалат загаденоста на воздухот? Од Министерството за животна средина велат дека мерките се веќе утврдени со препораките од инетрсекторската работна група. - Во доменот на обврските кои министерствот за животна средина и просторно планирање ги има се обезбедување на А интегрирани дозволи односно компаниите е потребно да ги усогласат оперативните планови со најдобри достапни техники во доменот на нивното работење со цел задоволување на еколошките стандарди. Локалните самоуправи ги имат истите обврски спрема помалите капацитети за обезбедување на Б- интегрирани дозволи. На централно ниво воведуваме минимум ЕУРО 3 и ЕУРО 4 стандардите за возниот парк а исто така напорно се работи и гасификацијата со што сметаме дака драстично би се намалило загадувањето.Зголемување на  користењето на јавниот транспорт исто така е дел од мерките кои се препорачуваат со цел намалување на сообраќајниот метежи а со тоа и намалување на загадувањето, велат од Министерството за животна средина и просторно планирање.   Од министерството порачуваат во случај на надминување на прагот на концентрацијата на суспендираните честички со големина до 10 микрометри, односно во 5 последователни дена со среднодневни концентрации над 50 микрограми, да се користи јавниот превоз, да не се користат возила без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, како и правилно користење на печките за дрва. Од министерството за здравство и Институтот за јавно препорачуваат ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација, но и за лицата кои својот професионален ангажман го вршат на отворен простор во загадените зони на градот. Од министерството признаваат дека индустријата е најголемиот загадува, но прстотот го вперија и во граѓаните, поточно во начинот на загревање на домовите и автомобилите. Министерот за животна средина Нурхан Изаири на вчерашана прес- конференција јавно ги праша граѓаните зошто не се возат со електрични автомобили? Според екологистите  идејата за електрични автомобили не е лоша, но за нив е јасно зошто сега вината се префрла на грашаните, а во меѓувреме неколку пати им се прогледуваше низ прсти на поголемите индустриски капаците коиу не го испочитуваа рокот за воведување на интегрираните А еколошки дозволи. - Идејата е како идеја е добра, но јас го разбирам како префрлање на вината за загадувањето кај граѓаните. Зошто дозволија увоз на нееколошки возила во државата? Колку возилата ги задоволуваат стандардите кои постојат во ЕУ? Јас би му препорачал на министерот да размисли за реални мерки за намалување на загадувањето, како онаа што ја спомнавме пред малку за био-дизелот, за пренасочување на сообраќајот од централните градски подрачја, за исклучување на оние стари автобуси и камиони кои повеќе чурат отколку што одат. Од друга страна државата премногу ги толерира големите загадувачи. Минатата година, додека дишевте на шкрги, помпезно беше најавувано дека ќе се затворат сите фабрики без А-интгрирана дозвола на 1-ви Април, но сето тоа стана априлилили. Не верувам ни дека овој пат ќе бидат затворени, би сакал да грешам, но искуството од Велес и толерирањето на Топилницата, па и последниве години со толерирањето на загадувачите ширум државата ме наведуваат дека повторно ќе биде пронајдена некоја форма на толеранција на загадувачите. Не смее да има одложувања на роковите, зашто оваа постапка за А-интегрирана дозвола не е од вчера туку трае со години, вели Коциќ. Рокот за еколошките дозволи неколку пати се одложуваше Рокот за имплементирање на А интегрираните еколошки дозволи беше 1-ви април лани. Претходно поради економската криза веќе еднаш беше оддложено имплеметирањето на дозволите. Но ланскиот рок не го исполнија дел од поголемите индустрии, поточно Макстил и Југохром. Тие побраа дополнителен рок до крајот на овој месец, со уверување дека ќе ги исполнат стандардите. Југохром не успеја, од  ресорното министерство утврдија дека нема напредок во имплементацијата и  на менаџментот му порачаа сами да си стават клуч на врата. Железарницата Макстил пак се одлучи да ги затвори производствените погони и да не го загадува воздухот. Периодот фабриката ќе го искористи за да ја поврзе старата со новата опрема, а комплетната иплементација на еколошките дозволи ја најави за околу нова година. Во последната студија за Зелен раст изработена од Светска банка се посочува дека загадувањето на воздухот во Македонија е едно од најголемите во Европа, и со години е над европските стандарди.Земјава е на прво место на листата на банката, кога станува збор за изложеност на граѓаните на загаденост на воздухот со цврсти честички. Веднаш зад нас е Србија, а потоа следуваат Романија, Бугарија и Малта. Дополнително во извештајот е наведено дека Македонија е на петто место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух односно од ПМ10 честичките. Сознанијата на Светска банка, упатуваат на тоа дека цврстите честички се одговорни за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно, но и илјадиници изгубени работни денови – што претставува економски трошок од 253 милиони евра годишно или 3,2% од Бруто-домашниот производ. Ј.С  
Слично

Поврзани вести