Загадувачите ќе добијат уште едно продолжување на рокот!
Владата се повлекува и размислува да го продолжи рокот за интегрирани еколошки дозволи за компаниите. Иако рокот истекува на 1 април, министерот за животна средина Абдилаќим Адеми денеска индиректно најави дека е можно да има промени и дел од компаниите да добијат дополнително време за да ги исполнат еколошките стандарди.
„Роковите и обврските за компаниите остануваат и ги повикуваме да ги преземат сите неопходни активности бидејќи ќе ги проверуваме и големите, но и помалите кои треба да обезбедат Б-дозвола. Поголем е бројот на оние кои навреме ќе се усогласат, а за другите можно е да се пролонгираат роковите, но не за сите. Поединечно ќе се разгледуваат сите барања, а дополнително време ќе добијат само оние кои го отпочнале процесот и кои се со јасна намера да инвестираат“, изјави Адеми.
Претходно, Владата најавуваше дека сите компании кои нема да обезбедат интегрирани еколошки дозволи до 1 април, ќе добијат клуч на врата.
Слично
