Загадувачите ќе добијат казни, ама и дополнително време за еколошки стандарди
И официјално истече рокот до кој компаниите големи-загадувачи требаше да ги имплементираат највисоките еколошки стандарди, да обезбедат А-интегрирана еколошка дозвола и да престанат да загадуваат.
Од денеска Инспекторатот за животна средина започна да ги пишува казните од неколку стотици илјади евра за „Макстил“ и „Југохром“, кои не успеаја да го прилагодат работењето.
Сепак, клуч на врата нема да има како што претходно се најавуваше. Владата им даде нов рок на двете компании до 31 октомври да ги завршат започнатите технолошки процедури за воведување на еколошките стандарди од А интегрираната еколошка дозвола.
„На овие две компании ќе им биде наложено во овој период од шест месеци нивните капацитети да работат со намалено производство, што значи и намалена емисија на гасови, а во исто време ќе нема отпуштање од работа на работници од компаниите“, рече владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Слично
