Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАГАДЕНОСТ: властите инертни, потребни се конкретни мерки!

ЗАГАДЕНОСТ: властите инертни, потребни се конкретни мерки!
Отсуство на редовни мерења на квалитетот на воздухот поради несиправност на дел од мерните станици, не се обезбедени финансиски средства за резервни делови за мерните станици, не е распишан оглас за јавна набавка на резервни делови за мерните станици, отсуство на персонал, лабораториска опрема - ова се дел од забелешките во Ревизорскиот извештај за успешност на “Ефикасноста на мерките за обезбедување на квалитетот на воздухот во Република Македонија”. Извештајот се однесува на периодот од 2012 до 2014 година, а дадени се состојби и настани кои се случиле и претходно и последователно. Со ревизијата се опфатени активностите кои се во надлежност на повеќе институции и тоа Министерство за животна средина и просторно планирање(МЖСПП), Управа за животна средина, Државен инспекторат за животна средина(ДИЖС), Институт за јавно здравје, Центри за јавно здравје, единици на локална самоуправа-Сектор за животсна средина и Сектор за инспекциски надзор. Извештајот е адрисиран до министерството за животна средина и просторно планирање. Ревизорот во извештајот наведува дека ги респектира превземените мерки и активности но и постигнатите резултати во делот на донесување на Плански документи, но посочува дека сите тие мерки и активности не се доволни за подобрување на квалитетот на воздухот. -Сметаме дека во периодот опфатен со ревизијата во Република Македонија превземените мерки и активности не се доволни да се создадат услови за долгорочна политика за подобрување на квалитетот на воздухот, а досегашниот степен на имлементација на мерките за обезбедување на квалитетот на воздухот во РМ, не обезбедуваат негово подобрување и влијание врз намалување на ефектите од загадување. Со обезбедување на ефикасно управување со квалитетот на амбиентниот воздух и изворите на емисии,комлетен информативен систем, финансирање на мерките за медиумот воздух согласно условите предвидени во ЗКАВ како и спроведување на инспекциски надзор над активностие, ќе се создадат услови за подобрување на квалитетот на воздухот, се наведува во извештајот. ДЗР:Оценката на квалитетот на воздухот е некомплетна Во извештајот се нотира дека во годините што се предмет на ревизијата 2011-2014 година, четири мониторинг станици не се во функција,поради нивна неисправност. Во останатите 13 мерни станици дел од параметрите не се мерат а за дел од параметрите нема податоци поради немање на резервни делови неопходни за функционирање, констатира ревизорот додавајќи дека за работењето на државната мрежа МЖСПП нема донесено годишна програма за кониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух според член 38 од Законот за кивалитет на амбиентниот воздух. Дополнително ревизорот наведува дека Град Скопје во 2011 година во центарот на градот, поставил сопствена автоматска мерна станица за 24 часа следење на квалитетот на воздухот, но поради започнати градежни работи бо нејзина непосредна близина, истата е дислоцирана и е надвор од функција до завршување на градежните работи. Државниот завод за ревизија во извештајот посочува оценката на квалитетот на воздухот е некомплетна поради отсуство на редовни мерења преку државната мрежа, локалната мрежа и репрезентативни мерења што се должи на неисправноста на мерните станици,поради што не е обезбеден континуиран процес на добивање за добивање на податоци за загадувањето во земјава. -Информативниот систем за квалитет на амбиенталниот воздух е некомлетен поради нецелосност на базата на податоци за управување и заштита на квалитетот на амбиентниот воздух , како и необезбедено одржување и ажурирање на Катастерот на загадувачи на воздух што има за ефект неможност да се утврди степенот на загаденост на амбиентниот воздух.Мониторигнот на состојбите и промените на квалитетот на амбиентниот воздух се доведува во прашање поради необезбедени услови на следење,наљудување, и оценување на влијанието на загадувањето. Присутен е ризик од можни надминувања на граничните вредности наведени во ИСКЗ дозволите поради тоа што дел од инсталациите (правни субјекти) не доставуваат извештаи од извршени мерења од монторинг на емисии од стационарни извори што има влијание врз инвертаризацијата како и оценувањето на квалитетот на воздухот во РМ, се нотира во извештајот. Во извештајот се посочува дека по издавањето на Нацрт извештајот, МЖСПП превземало одредена активност во насока на прибирање на податоци со цел ажурирање на Катастерот за животна средина. Недостиг на финансиски средства за набавка на делови за мерните станици Како пречка за точни и релевантни податоци за загаденоста на воздухот, ревизорот го посочува фактот што МЖСПП нема обезбедено финансиски средства за реализација на мерките предвидени во националните Плански документи, иако како што нотира ревизорот за истите во Законот за квалитет на амбиентниот воздух(ЗКАВ) се предвидени извори за финансирање. -Државната мрежа за мониторинг систем за квалитет на амбиентниот воздух е делумно финансирана, односно не се обезбедени средства неопходни за резервни делови за мониторигнстаниците со цел континуитет во нивното работење, сервисирање на истите и слично. Исто така не се обезбедени средства за акредитирањена Централната лабораторија што е од големо значење особено за државните иснпектори за животна средина, бидејќи не постои можност за валидација на примероците земени од инсталациите, стои во извештајот. Нема конкретни мерки за намалување на ризиците од загадениот воздух Во делот на ефектите од мерките и и влијанието врза животната средина и здравјето на луѓето, ревизорите констатирале дека во Националниот план се предвидени мерки за заштита на човековото здравје, но истите се сведуваат само на проценка на здравствените ризици на загадувањето на воздухот, а не и на конкретни активности за намалување на ризиците. -Институтот за јавно здравје располага со податоци за здравјето на жителите на Град Скопје врз основа на свои истражувања како и информации обезбедени од други официјални извори, но ИЈЗ укажува дека постојат ефекти кои се уште не се измерени поради недостиг на одредени здравствени податоци, се наведува во извештајот. Ревизорите укажуваат дека подобрувањето на квалитетот на воздухот во Македонија може да се постигне доколку се обезбеди управување со квалитетот на амбиентниот воздух,целосен мониторинг на квалитетот на воздухот и изворите на емисии,комлетен информативен систем, финансирање на мерките за медиумот согласно условите предвидени во ЗКАВ, како и спроведување на инспекцискиот надзор. Дали компаниите ги почитувале условите од интегрираните еколошки дозволи? Ревизорот утврдил дека дел од правните лица сопственици или корисници на инсталации кои се извор на емисии на загадувачки супстанци во воздухот недоставуваат извештаи од извршени мерења иако тоа им е законска обврска, што според ревизорите упатува на ризик од надминување на граничните вредности наведени во интегрираните еколошки дозволи согласно системот за Интегрирано спречување и контрола на загадувањето (ИСКЗ). Во извештајот ревизорите нотираат дека еден од индустриските капацитети во Македонија не ги запазува граничните вредности на емисии предвидени во интегрираните еколошки дозволи. -Од Годишниот извештај на еден од индустриските капацитети во РМ констатиравме дека граничните вредности на емисии по ИСКЗ дозвола издадена во 2008 година не се усогласени со максимално дозволените количини на емисии предвидени по Правилникот, иако во Законот за животна средина е предвидено да се врши измена на ИСКЗ дозволите по службена должност во услови на измена на прописите за заштита на животна средина кои влијаат врз работењето на иснталацијата, стои во извештајот. Најзагаден град во земјава според графиконот во Извештајот е Тетово, потоа дел од скопските населби како Лисиче, Гази Баба, Центар, Карпош, потоа следуваат Велес и Битола. Ревизорите укажуваат дека иако Тетово е на врвот по загаденост, не се превземени активности од институциите на централно и локално ниво, а дополнително не се превземаат мерки за намалување на загадувањето како урбанистичко планирање, зеленило, комунална хигиена, решавање на проблемот со депонијата и сообраќајот. Исто така ревизорите укажуваат дека иако оваа општина е најзагадена сепак истата во Националната програма не е дефинирана како приоритетна зона. Ревизорите препорачуваат ресорното министерство да превземе мерки за ставање во функција на сите мерни станици и нивно редовно финансирање, да се изготви Годишна Програма за мониторинг на амбиентниот воздух, да се ажурира Катастерот на загадувачи на воздухот, да се измени Уредбата за гранични вредности со цел да се предвидат прагови за алармирање и информирање на загадувачката супстанца ПМ10,  а Владата на РМ да изнајде соодветна форма на финансирање на планските документи преку предводување на надоместоци и такси за заштита на животната средина кои ќе бидат предвидени во Буџетот на РМ. Забелешки на министерството по однос на ревизорскиот извештај Во однос на констациите во Извештајот, МЖСПП има испратено забелешки за Нацрт Извештајот. Дел од забелешките на МЖСП се прифатени од ревизорите , но дел не се прифатени. Еве дел од забелешките на МЖСПП и констатцијата по однос на нив од страна на ревизорот: Во однос на забелешката од ревизорот за некомплетна оценка за квалитетот на воздухот министерството наведува дека иако за некои места земена е во предвид помала покриеност со податоци, сепак тоа е релевантен документ подготвен со склоп на твиниг проектот со искусни експерти од ЕУ. -Како позитивност во целиот овој извештај не е спомнато дека известувањето кон меѓународните тела(Европската агенција за животна средина, секретаријатот на ООН) и напредокот кој е постигнат од страна на МЖСПП како и изработениот портал за квалитет на воздухотво 2012 година, на кој се објавуваат податоците од извршените мерења на квалитетот на воздухот, со цел навремено информирање на граѓаните ,кој влијаеше на подигнување на јавната свест, посочува министерството. Ревизорите посочуваат дека оваа забелешка не е прифатена, од причина што како што наведува ревизорот субјектот не ја оспорил комплетноста, а поголемо внимание се посветило на порталот и тоа дека МЖСПП праќа известувања до меѓународните тела. Министерството наведува дека за иснталациите кои подлежат на А и Б интегрирани еколошки дозволи, за усогласување со оперативниот план во рамки на дозволата постојат оперативни планови со дефинирани мерки и рокови. И оваа забелешка не е прифатена од ревизорите. Во наброените надлежни институции, МЖСПП укажува да се вброи и Министерството за транспорт и врски, забелешка која е прифатена од ревизорите. Во делот во кој ревизорот наведува дека преку државната мрежа не се обезбедува постојан мониторинг, МЖСПП укажува дека реченицата треба да се дополни со зборовите “на одредени мерни станици”, бидејќи како што наведуваат од 2012-2014 година не се врши мониторигн на три станици од вкупно 17.Оваа забелешка ревизорот наведува дека ја прифаќа во функција на допрецизирање на текстот во наодот. Ј.С
Слично

Поврзани вести