Економија, финансии, бизнис

Контакт

Загаден воздух: Како ПМ-10 честичките влегуваат во вашето тело?

Загаден воздух: Како ПМ-10 честичките влегуваат во вашето тело?
Честичките присутни во атмосферата се со димензии од 0,002 до 100 микрони. Поголемите релативно брзо се таложат на површината, но помалите остануваат долго.Честичките со поголеми димензии, се вдишуваат, но остануваат на површината на носот и горните делови на гркланот. Истите со издишувањето дел се исфрлаат, а преку секретот од носот или искашлување се острануваат.Најситните, продираат најдлабоко и тие се најопасни. Чистиот воздух  во централното градско подрачје станува луксуз. Граѓаните се жалат дека се дише се потешко. Најстрашно  велат  е наутро и навечер,  кога чувствуваат печење на очите и грлото и непријатна миризба која се впива и во алиштата кои ги сушат на отворено. Животот велат станува како во стаклено ѕвоно, без да се проветрат просториите, ниту да се излезе надвор. Екологистите алармираат за итна потреба од  конкретни мерки и решенија. Велат долгогодишните лошо спороведени еколошки политики, сега си го земаат данокот. Екологистот Јован Мазгански   од  “Екоскоп”  за Фактор вели дека е потребна Стратегија за надминување на проблемите со аерозагадувањето, но и за  ризиците по здравјето на луѓето. “Изворот е со широк спектар причинители. Сепак испитувањата покажале дека меѓу најчестите и најголеми загадувачи се производните капацитети, сообраќајот, согорувањата на дрва и фосилни горива, намалување на зелените појаси, градежништвото. За жал кај нас мерењата се само од пред неколку години и на мал број локации. Се мери концентрацијата, но не се прави биланс на придонес од загадувачите колку е доприносот  на возилата, колку на индустријата, градежништвото, домаќинствата. Во светот тоа се прави доста педантно. А за да се направи стратегија за намалување треба точен допринос на загадувачите  односно точна дијагноза.  Во разни региони доприносот на оделни извори на загадување е различен. Одговорните  често изјавуваат дека најголем дел е од греењето на дрва, сообраќајот,  за тие помалку да бидат виновни. Ако барем малку се проанализира Скопје ќе се констатира дека тоа не е точно. Ако во јули загадувањето на мерното место во Лисиче-Скопје е трипати поголемо отколку во Скопје-Центар. Во Центар сообраќајот е многу погуст, а во јули никој во Скопје не се грее на дрва !?  Со други зборови доминантниот извор на загадување не се домакинствата и сообраќајот – барем во Лисиче”- објаснува екологистот Мазгански. Загадувањето на амбиенталниот воздух,  вели станува сериозен проблем во урбаните средини кои имаат се помалку зелени површини. А и онаму кадешто ги има се прават урбанистички планови за нивна пренамена во градежни зони, паркиралишта. Бетонот ја заменува тревата и дрвјата. Индустриските капацитети често не ги исполнуваат стандардите за работа, сеуште дел од нив работат без филтри за прочистување. Законите вели Мазгански ги има, но само на хартија. Во  пракса работите одат потешко. Дополнително според него проблемот се усложнува што нема стратешко и системско решение,  кое се прави со посебен фонд и  со зголемени финансиски средства за секторот екологија. “Кај нас законите се „украс“ за да се покажат пред оние што прашуваат  дали имате таков закон односно пред ЕУ.  Одговорните законите треба да ги почитуваат доследно. Сепак во нашите закони има „дупки“ или пак  се пополнети со дискреционо право на функционерот без ограничувања за одредени сегменти во работата.  Не се знае  во кои услови, по кои стандарди се работи. Одговорните треба да овозможат што побрзо отстранување на загадувачите, а меѓу другото  да овозможат и давање на  краткорочни кредити или наменска помош за ставање на   филтри и слично. Потребен е посебен еколошки фонд.  Парите  треба да се обезбедат од собраните наменски давачки на име екологија, регистрација на возила, горива, патарини, пакување, електронски производи и слични давачки што постојат земјава, а никогаш не се знае колку средства во буџетот се собираат по основ на екологија и за што се користат односно трошат. Истите се прибираат наменски   и треба да се користат само за еколошки  цели”-нагласува Мазгански од Екоскоп. Главни причинители за загадениот воздух според екологистите  се нерационалното користење и старите возила, несоодветните типови горива за греење и непроверени инсталации во грејните системи, намалување на зелените површини, индустријата, градежништвото. Потребна е велат  примена на  акутни мерки во алармните периоди со ограничување на сообраќајот во централниот дел на градовите, реорганизација на системот на сообраќај, затворање на градежните активности, поголема контрола на индустриските капацитет, едукација за зачувување на околината. Дали и како надлежните го менаџираат проблемот? Штом има енормно загадување, јасно е дека управувањето односно менаџирањето со проблемот не е на потребното ниво, додава Мазгански. Потребно е како што  вели да  има  мерења на повеќе локации, да се утврди биланс на загадувачите, да се зголеми грижата  за инфраструктурата, урбанизамот, но и да се менаџира просторното планирање. “Министерството за екологија  во називот содржи и  просторно планирање. Втората функција од називот не се чувствува или пак „не е така популарна“. Некои региони Скопје, Тетово имаат константно зголемување на бројот на  жители и производни капацитети заради профит во локалната самоуправа, се градат згради без ограничување според густината, висината, насоката, прородно проветрување. Градежната експанзија си го зема данокот.  Од друга страна вегетацијата се сече по разноразни изговори, а 1 хектар шума на годишно ниво може да апсорбира околу 50 тони прашина. Се разбира само ако се одраснати дрвја. Казните се крајна мерка во политиката, или пак така треба да биде. Треба да се утврди „билансот“ колку допринесува некој правен субјект, да му се даде рок за намалување според прифатените стандарди, потоа дислокација па  затварање”-потенцира Мазгански. Проблемот порачува треба да се гледа преку индивидуална и колективна одговорност. Граѓаните треба да  ги почитуваат   препораките на здравствените  работници, а со своето однесување да допринесат за намалување на загадувањето. “Преку употреба на квалитетни  горива која пак е условена од пазарот,  треба  помалку да се користат  возила и да се  развива еколошката свест и култура преку  користење на алтернативен превоз, велосипеди или да пешачат, да ја почитуваат и штитат природата. Институциите  во чија одговорност се доверени многу овластувања но и средства за кадар, комунални активности мора да се однесуваат  одговорно и максимално да се залагаат  со знење и активности  за оправдување на довербата. Ако некој неможе да се носи со проблемот најчесно е да се повлече” -порачува екологистот. ПМ честички и здравјето! За успешно справување и управување со проблемите од аерозагадувањето, потребни се знаења, мерења, стручни оценки за тоа од каде изворот, нивниот состав, а пред се нивната концентрација. Честичките присутни во атмосферата се со димензии од 0,002 до 100 микрони. Поголемите релативно брзо се таложат на површината, но помалите остануваат долго.Честичките со поголеми димензии, се вдишуваат, но остануваат на површината на носот и горните делови на гркланот. zagaduva Истите со издишувањето дел се исфрлаат, а преку секретот од носот или искашлување се острануваат. Најситните, продираат најдлабоко и тие се најопасни. zagaduva2 Со алармантни податоци за загадувањето излезе и Институтот за јавно здравје. Последниве неколку дена се  забележани концентрации на штетни честички неколкупати  над дозвлените граници. Највисоки се  во Тетово до 350 микрограми на метар кубен ПМ10 честички, Скопје до 260 микрограми, Битола до 150 микрограми. Поради загаден воздух секоја година во земјава умираат повеќе од илјада лица, а за една третина се зголемиле заболувањата на белодробниот и кардиоваскуларниот систем.  Следната недела се очекува состанок на интерсекторската група  на која ќе се расправа за корекции во алармните  нивоа за загадувањето, како и за некои од препораките кои се прават  во европските земји. Не се исклучува можноста за  затворање на  јавни објекти,  училишта и детски градинки бидејќи според експертите за јавно здравје,  влегуваме во фаза кога треба да се преземаат алармантни активности и мерки. С.Б.
Слично

Поврзани вести