Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Зошто Груевски зборува во шифри, ако не се прислушувало?

Заев: Зошто Груевски зборува во шифри, ако не се прислушувало?
-Никола Груевски кога веќе денеска ги собра насила и членството и администрацијата за да ја докаже својата чесност, треба да им каже зошто зборува во шифри, ако не се прислушкува во државата.Чесен човек ќе кажеше дека тој и братучед му Мијалков прислушкуваат и затоа зборуваат во шифри - ова го изјави денеска лидерот на  СДСМ Зоран Заев, на прес конференцијата на која ја објави десеттата ,,бомба” на опозицијата. Toj рече дека Никола Груевски го терал членството да се тепа наводно за одбрана на црква, а всушност, посочи, се тепал за свој имот. На крајот на прес конференцијата, лидерот на опозицијата повторно побара оставки од премиерот Груевски и неговата влада, и посочи дека излезот од политичката криза е преку формирање преодна Влада. ,,Ги крие имотите, како што ги криеше 4-те стана. Готово е Груевски. Само оставки и преодна Влада е излезот од кризата“ - рече Заев.
Слично

Поврзани вести