Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев за третиот мандат: Ќе одржиме лекција по економски менаџмент

Заев за третиот мандат: Ќе одржиме лекција по економски менаџмент

Околу 6 илјади луѓе беа во спортската сала „Парк“, каде се одржа промоцијата на изборната програма на кандидатот за градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев.  За следните четири години со нови 1.048 проекти, Заев вети брз економски развој  на Струмица, со што на сите, како што рече ќе им одржи лекција по економски менаџмент со сите потенцијали и можности на општина Струмица.

-Најавувам три индустриски области, не зони. Во нив ветувам минимум 30 нови фабрики, 300 нови локации за производствени погони и минимум 3.000 нови работни места за трет мандат за Зоран Заев, за Струмица. Гасификацијата продолжува,  досега имаме 16 илјади метри гасоводна цевка во градот, гасна станица и 12 објекти адаптирани на гас, штедиме 70 насто, 280 илјади евра во оваа грејна сезона имаме заштедено, во градот продолжуваме со нови 25  километри до секоја фабрика, до секој дом, јавните институции веќе имаат пред себе цевка. Најважниот проект е за силната гранка од нашата економија, струмичкото земјоделие. Ќе пуштиме два крака. Првиот крак на гасоводната цевка од гасната станица Куклишки атар, Сачево, Градско Балдовци, Свидовица, Муртино се до Банско. Вториот крак Дабиле, Просениково, Добрејци и натаму, 8,5 километри е вториот крак, првиот 17 километри. Па, ако земјоделците имаат повеќе ќар, повеќе пари, ќе имаат и бутиците и во градот, ќе има и пазарот, ќе имаат и дуќаните,  ќе имаат и кафулињата, ќе заживее градот, ќе заживеат и селата, рече Заев. На вечерашната конвенција беа претставени и кандидатите за членови на Советот на општина Струмица. Носител на листата е Марјан Даскаловски кој и во изминатите четири години беше претседател на Советот. http://www.youtube.com/watch?v=-UM4dRPykC4
Слично

Поврзани вести