Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев за поскоро формирање на Влада којашто ќе обезбеди регуларни избори

Заев за поскоро формирање на Влада којашто ќе обезбеди регуларни избори

Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Белгија, Аник Ван Калстер.

Тие разговарале за актуелната политичка криза во Македонија и излезните решенија.

Заеднички е констатирано дека целосното повлекување на аболицијата било неопходно во напорите за обезбедување на еднаквост на правдата во Македонија, како и за одблокирање на политичкиот процес за изнаоѓање мирно решение на кризата.

-Потребно е што поскоро да се организира Влада според предвиденото во Договорот од Пржино, којашто преку прецизни рокови ќе може да ги обезбеди потребните услови за фер и регуларни избори во Македонија. Тоа се пред утврдување Избрачкиот список и објективно медиумско известување. Со политичка волја ова е брзо и практично изводливо, со што изборите би можеле да се одржат наесен. На граѓаните им е потребна стабилна и чесна Влада избрана на веродостојни избори, рече Заев.

На средбата се разговарало и за потребата од функционирање на независни институции во Македонија, како што е Специјалното јавно обвинителство.

 „СДСМ, опозицијата и граѓаните на Македонија бараат Уставниот суд што побрзо да се изјасни за уставноста на Законот за СЈО, со што ќе се овозможи оваа институција ефикасно да ја заврши својата работа. Оваа институција е искра надеж за граѓаните дека е можно возобновување на демократскиот поредок во Македонија, објаснил Заев.

Тој и белгиската амбасадорка заеднички констатираа дека граѓаните на Македонија заслужуваат подобар живот, а Република Македонија место во ЕУ и НАТО, поради што секој треба да го понесе својот дел од одговорноста на тој пат.

Слично

Поврзани вести