Заев: За најмалку 200.000 гласачи треба теренска проверка
Повеќе од 200.000 гласачи треба да бидат предмет на теренска проверка, за изборите да бидат фер, кредибилни и демократски.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев бара да се надмине проблемот со фантомските гласачи за да граѓаните имаат доверба во избирачкиот список.
„Ќе затекнеме во тие теренски проверки наши сограѓани кои времено или трајно ја напуштиле Македонија но имаат и лична карта и пасош. Проблемот е во тие гражани што живеат надвор од државата а некој ги зкоупотребуваше во Македонија да гласа во нивно име. И тие не се бришат од избирачкиот список, тие се само ставани во вториот дел на граѓани кои што имаат право на глас а живеат во странство. Тој дел што е фантомскиот сведоци се и граѓаните сите јавно ги видовме. Секој глас мора да има вредност во Македонија“-вели Заев.
Без прочистен избирачки список и без регулација и реформи во медиумите, во земјата нема да има фер, слободни и демократски избори, рече Заев.
Слично
