Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев за N1: Нема бегање од преодна влада!

Заев за  N1: Нема бегање од преодна влада!

Oпозицискиот лидер Зоран Заев даде изјава за белградското студио на телевизијата N1, ексклузивен информативен партнер на светската телевизиска мрежа CNN.

На барање на телевизијата N1, Заев го објасни скандалот со инволвираноста на премиерот во доаѓање до огромни парцели на Водно, преку оф шор фирми, како што открија доказите од прислушувањата што ги правела власта на Груевски.

„На штета на скопјани, зелени појаси, со менувања урбанистички планови, специјално за интересите на Груевски се претворани во градежни парцели, а како што покажаа разговорите од последната прес конференција, станува збор за план за објекти, само на име на една фирма, коишто по денешна пазарна цена на чинење на Водно, ќе тежат над 17.000.000 евра!“, изјавил Заев.

Запрашан за очекувањата околу развојот на политичката ситуација во Македонија, претседателот Зоран Заев изјави:

-Оставки се неизбежни. Преодна влада е неизбежна. Од тоа бегање нема. По `се што имаме уште да објавиме, обидите на Груевски да се додржи на власт, нема да успеат.

Слично

Поврзани вести