Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев за коментарот на Груевски за странските инвестиции: Тоа што беше добро од негово време, ние го продолжуваме

Заев за коментарот на Груевски за странските инвестиции: Тоа што беше добро од негово време, ние го продолжуваме

Премиерот Зоран Заев за вчерашниот коментар на неговиот претходник Никола Груевски за странските инвестиции, денеска рече дека се што било добро на претходната власт, денеска продолжува да работи на истото и актуелната влада.

- Груевски да си дојде дома, да продискутираме ако има што да каже. Се што почнала минатата Влада и што е добро, ние го продолживме. Сите можеме да помагаме, но највеќе ако сме дома. Денес е демократија, слобода. Може екс-премиерот да си коментира секојпат како што мисли, тоа е негово право, но било поцелисходно да дојде дома и тука да ги прокоментираме идните развојни можности на државата. Скопје 2014 не го продолживме, зашто не беше добар проект. Но, инвестирањето во патиштата, ТИРЗ-овите, привлекувањето странски инвестиции и нивната натамошна поддршка ги продолжуваме, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Груевски вчера даде коментар на Фејсбук пред денешното одбележување на инвестиција на „Кемет електроникс“ од 10 милиони евра. Американската компанија го проширува капацитетот на фабриката во ТИРЗ Скопје 1. Се прави нова линија за автоматско производство на кондензатори за автомобили, како и нова хала, а се отвора и Центар за истражување и развој на нови кондензатори и просторија за тестирање на нови материјали.

„Деновиве, се очекува Кемет Електроникс кои веќе 7-8 години имаат фабрика за електронски компоненти во автомобилската индустрија во ТИРЗ 1 Скопје, да објават дека планираат да одат во својата следна фаза на нивниот долгорочен план за инвестирање во Македонија и да објават градба на втора фаза(втора фабрика) на нивниот стратешки план за инвестирање во Македонија. Да потсетам дека од тогашната опозиција а денес власт бевме жестоко критикувани дека ,,фрламе пари за реклами на СИЕНЕН,,.

На отворањето на нивната прва фабрика нивниот прв човек во тоа време објави дека Македонија му го привлекла вниманието токму одкако ја видел една од рекламите на СИЕНЕН. Потоа тие не контактираа и Виктор Мизо заедно со нивниот прв човек во фабриката во Ќустендил, договорија средба во Милано во рамки на еден друг настан па по 10 дена додјоа на посета цел тим заедно со првиот човек на компанијата директно од Америка.

Сигурно сегашната власт ќе сака да си препише барем дел од заслугата за ова втора фаза (втора фабрика) на Кемет Електроникс, но добро е да знаат дека да не беше рекламата на СИЕНЕН тие денес немаа да имат чуено за оваа американса фабрика“, гласеше дел од коментарот на Груевски на Фејсбук.



Слично

Поврзани вести