Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЕВ ЗА „БОМБАТА“: Имаме докази за кршења на Уставот

ЗАЕВ ЗА „БОМБАТА“: Имаме докази за кршења на Уставот
Во интервју за „Слободен печат“, лидерот на СДСМ Зоран Заев открива дека опозицијата има докази за повеќе уставни прекршувања од страна на власта и за кршење на уставно загрантираните права на граѓаните, во делот на организирање и спроведување на избори и во делот на слободно изразување и информирање. Без да прецизира точно какви докази држи во рака, Заев нагласува дека тие ќе докажат дека власта предводена од Никола Груевски континуирано го оневозможувала правото на граѓаните на демократски избори, правото на слободно информирање и изразување и правото на приватност и заштита на приватноста. Лидерот на опозицијата очекува по објавата на доказите под истрага да се најде Петтата управа на УБК. „Една од целите што мораме  да ги постигнеме е да создадеме општествен амбиент и  безбедносен систем, во кој ќе нема простор за доминација на политичката полиција, а УБК, посебно нејзината „петта управа“, задолжена за прислушкување ќе биде предмет на сериозна истрага“, вели Заев. Тој додава дека со доказите нема пазарење и оти тие ќе бидат објавени во вистинско време. „Бомбата“ Заев ја најави пред околу два месеци и во јавмоста од тогаш се шпекулира за каква афера има докази опозицијата - прислушкување новинари, изборни малверзации или детали за истрагата за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро.
Слично

Поврзани вести